Сопственикот на агенцијата за обезбедување е новиот осомничен за трагедијата во „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Истрагата за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени, се проширува.

Обвинителството отвори постапка против уште едно лице, реален сопственик на агенцијата за обезбедување која дејствувала во клубот без договор и без соодветни безбедносни процедури.

Според обвинителството, осомничениот раководел со целокупното работење на агенцијата од Скопје, која заедно со нејзиниот управител и овластениот претставник од Кочани обезбедувала ред и сигурност во дискотеката без правен основ. Во текот на 2025 година, тие вршеле обезбедување без безбедносна проценка, без план за евакуација, и без проверка на ризик од пожари – директно спротивно на Законот за приватно обезбедување.

Осомничените дозволиле влез на деца, не спречиле пренос и употреба на пиротехнички средства од музичката група, што, според истрагата, директно довело до пожарот и трагедијата.

Врз основа на судска наредба, извршени се претреси на две локации во Скопје и Пробиштип, како и на возилото на осомничениот. Притоа се одземени документи и електронски уреди. Лицето е лишено од слобода, а обвинителството денеска ќе побара мерка притвор од Основниот кривичен суд во Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Граѓани на Кочани живеат како во планинско село

Иако се наоѓа во самото градско подрачје на Кочани, населбата „Дневна нега“, која го носи името по некогашниот погон на индустрискиот гигант АТОМ, со децении е целосно заборавена од надлежните институции. Жителите велат дека инфраструктурата е во катастрофална состојба, а условите за живот се како во рурална, планинска средина.  „Цели 35  години чекаме нешто да

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и донации за локалната заедница

По повод 28 август – Денот на македонските рудари и двојниот празник на Македонска Каменица, Рудник САСА продолжи со својата долгогодишна традиција на оддавање признание за трудот и посветеноста на своите вработени, потврдувајќи ја воедно својата заложба за поддршка на напредокот на локалната заедница. И оваа година сите 790 вработени во САСА за празникот добија

Петмина од повредените во „Пулс“ се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Петмина од повредените во пожарот во дискотеката ,,Пулс”, во Кочани, и по пет месеци од трагичниот настан се уште се наоѓаат на болничко лекување. Двајца се во здравствена установа во Турција, а тројца во земјава. Според последните информации со кои располага Фондот за здравствено осигурување, дел од лицата повредени во трагичниот настан во дискотеката „Пулс“