Во последните денови во нашиот град – Кочани се појавија шпекулации дека Новогодишната прослава и празничното украсување на градот ќе бидат откажани и сведени на минимум, поради наводни барања од нашите семејства – родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „ПУЛС“.
Со ова соопштение сакаме јавно и искрено да појасниме дека таквите тврдења НЕ СЕ ТОЧНИ
Ние никогаш не побаравме, ниту сугериравме откажување или ограничување на новогодишните активности, ниту пак сме поставиле какво било барање поврзано со празничното украсување на градот
Напротив — со искрено разбирање ја поддржуваме секоја иницијатива за убаво и достоинствено одбележување на Новогодишните и Божиќните празници во Кочани
Веруваме дека празничната светлина, украсите и прославите се природен дел од животот во нашиот град и отсекогаш беа и остануваат во надлежност и одлука на Општината.
Затоа апелираме поврзувањето на нашите семејства со одлуки за прослави или украсување да престане, затоа што ваквите недоразбирања ненамерно создаваат дополнителна болка во период кој и онака е тежок за нас
Нашиот фокус останува истиот — правда, одговорност и поголема безбедност за сите млади, за ваква трагедија никогаш повеќе да не се повтори
Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации, а институциите и јавните чинители да бидат внимателни при изнесување информации поврзани со трагедијата.
Со почит,
Родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „ПУЛС“ – Кочани
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









