Сообрајќајот се пренасочува – се асфалтира дел од ул. „Александар Македонски“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Асфалтирањето, реконструкција и комплетно уредување на ул. “ Александар Македонски“ се движи кон саканото темпо и се очекува градежните активности да завршат до крајот на овој месец, септември, велат надлежните. Рекострукицијата и асфалтирањето се изведуваат во должина од 1000 метри, од кружниот кај ЈКП Водовод и Канализација“ до раскрсницата кај „Чумовчанец“.

   

 

„Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Прилеп, како дел од планираната развојна програма на Општина Прилеп. На оваа сообрајќаница се обновуваат ивичњаците, се врши нивелирање на 40 канализациски шахти и поставување на нови. Во моментот е проект за реконструкција на оваа улица од индустриската зона “Металец“  до кракот кај салонот за мебел „Анита“, со што би се уредел  влезoт во Прилеп. Но, планираме и целосно инфраструктурно поврзување и уредување на оваа улица, како една клучните сообрајќаници на Прилеп „- рече Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп, во придружба со направен увид инфраструктурните активности на оваа улица

Во иднина ќе се продолжи и нема да има прекин на досегашниот започнат проекти кои ги има во програмата на локалната самоуправа и оние 14-теина проекти кои градоначалникот ги понуди на Владата и беа прифатени кои се близу 12 милиони евра. На оваа улица, како што најави градоначалникот, се работи на еден голем проект, бидејќи цел стопански двор ни се наоѓа на оваа улица иплус таму имаме голема   урбана населба и Прилеп заслужува еден таков репрезентативен влез, инфраструктурен проект кои би го презеле во иднина“ – рече кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски, одговарајќи на новинарско прашање “дали ќе се продолжат инфраструктурните проекти во Прилеп„.

Со комплетна реконструкција на оваа улица Прилеп добва безбедносен сообраќајот и  подобар транспорт на една од најдолгите улици во градот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...