Со закана со огнено оружје и’ одзел пари и побегнал

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Разбојништво во казино во Прилеп се случило од како лице со огнено оружје одзело пари од вработена.

На 13.04.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во околу 08.18 часот во казино во Прилеп, едно машко лице со закана со огнено оружје од вработената А.М.(31) од Прилеп  одзел пари и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во текот на вчерашниот ден, недела, полициската хроника за бележи уште три настани за физичко насилство, наружување на јавниот ред и мир и за дрвокрадство:

На 13.04.2025 во 15.00 часот во ОВР Прилеп, Л.С.(24) од Прилеп пријавил дека бил физички нападнат од неговиот братучед Ф.П.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.04.2025 во 01.20 часот на место викано „Гумење“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево запреле и извршиле контрола на патничко моторно возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Житоше. Притоа, било констатирано дека тој под дејство на алкохол го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициските службеници. Тој бил приведен во ОВР Крушевоа и по документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.

На 13.04.2025 во 14.50 часот кај Вештачкото езеро во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  од Н.А.(41) од Прилеп одзеле бесправно исечени огревни и приколка, кои биле предадени на  Шумска полиција Прилеп за понтамошан постапка.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...