И, додека течеше драмата со убиството на таткото и синот, во 17.30 часот се случува и тешка сообраќајна незгода на кружниот, кај Основниот суд во Прилеп .Тешки телесни повредена добила девојка која управувала мопед. Синоќа се шпекулираше дека девојката загинала, но за среќа возачката на мобед завршува со тешки повреди,по ударот со автомобил.
Во ОВР Прилеп е пријавено дека на раскрсницата од ул.„Кеј 1-ви Мај“ со ул.„Димо Наредникот“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(57) од Прилеп и мопед управуван од М.Н.(32) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Н., констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, се вели во информацијата на МВР.