Со Сатирична работилница за деца и стенд ап комедија заврши „Ин Виница веритас 2025“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Како дел од програмата на овогодишното издание  на Фестивалот на хуморот и сатирата ,,Ин Виница веритас”, вчера  во ООУ ,,Гоце Делчев” во Виница се одржа Сатирична рааботилница за деца”, проект подржан од Министерството за култура и туризам.
 Сатиричарот Миле Ѓорѓијоски, автор на првите книги и сликовници со афоризми и епиграми за деца, во текот на работилницата ги едуцираше учениците како збор по збор, со помош на асоцијации, да напишат афоризми и епиграми. Покрај тоа Ѓорѓијоски зборуваше и за начинот на илустрирање на детските афоризми и епиграми.
На овие работилница децата се запознаа и со глаголицата.
Вредно е да се напомене дека во мкнигата ,, Палави епиграмчиња” , освен со Македонско кирилично писмо, епиграмчињата се пишувани и со глаголица.
Од најдобрите илустрации што ќе ги направат учениците, според информацијата што ја добивме од Миле Ѓоргијоски,  ќе се издаде и една сликовница, а ќе се направат и неколку изложби. За кратко време ќе излезе и новата сликовница со афоризми од Миле Ѓорѓијоски, со илустрации на Софија Ситновска.
Својата програма, изданието на  „Ин Виница веритас“ за 2025 година, ја заврши синоќа со стенд ап комедијата на Надица Петрова, актерка во Тетатарот „Златен Елец“.
„Ин Виница веритас“ започна на 24 октомври, во програмата реализирана во организација на ДК „Тошо Арсов“, доминираа театарските претстави.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ИТНО И ПОВОЛНО СЕ ПРОДАВААТ МАШИНИ СОЧУВАНИ И ФУНКЦИОНАЛНИ…

Се продаваат индустриски машини за шиење: Ибердек и опшиварки. Машините се добро сочувани и функционални. Цена по договор! Информации на:   077/ 624 – 181

Конституира новиот Совет на Чешиново-Облешево – Димишков на чело

Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција. По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски

Општина Кочани доби грант од 50.000 американски долари за изработка на техничка документација за реконструкција на собирниот резервоар и на главниот доводен цевковод за...

По спроведената постапка за евалуација на барањата за финансирање на техничка документација за инфраструктурни проекти од областа на животната средина како дел од Третиот повик во рамките на Фондот за техничка документација, Општина Кочани доби известување дека е меѓу четирите добитници на грант до 50.000 американски долари. Одобрениот проект на Општина Кочани се однесува на изработка