Со претставата Рибарот и рипката се отвори мултифункционлната сала во општина Кривогаштани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со претставата Рибарот и рипката во изведба на театарската група Колозов, денес се отвори Мултифункционална сала во Општина Кривогаштани. Прекрасната приказна и беспрекорната глума на актерите Владо Дојчиновски, Пируника Киселички,Дубравка Киселички и Давид Илич, предизвикаа радост и насмевка на детските лица во преполната сала.

Ова е само почеток на многу културни настани кои во претстојниот период ќе се случуваат во општина Кривогаштани.

Мултифункционалната сала во општина Кривогаштани е проект на општината создаден со цел да заживее културниот живот во руралните средини, и во иднина ќе промовира културен континуитет како важен елемент за опстојување на културата низ руралните средини средини

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....

СВР Битола: За 6 часа казнети 80 мотоциклисти и возачи на тротинети, 44 за неносење кацига

Во акциска контрола во сообраќајот на територијата надлежност на СВР Битола во еден ден за 6 часа биле изречени 80 казни за возачи на велосипеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и електрични тротинети: „Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заеднички да придонесеме за...

Се поставуваат „легнати полицајци“ на 20 локации во Прилеп

За поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот во Прилеп, општината започна со реализација на проектот за поставување на технички средства за забавување на сообраќајот („легнати полицајци“). На околу 20 локации низ општина Прилеп, каде што постои потреба од дополнителни мерки за заштита и поголема безбедност на граѓаните се поставуваат...