Смртта на близначињата е како резултат на премрзнување, велат од прилепската болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Две новороденчиња, близначиња, стари 14 дена  починале вчера околу пладне, а јавниот обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт.

Јавниот обвинител Стевчо  Биноски, изјави дека новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во кривогаштанското с. Славеје повикало Итна помош. Екипата на итната помош штом пристигнала и констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живело во лоши услови и имало уште три деца.  Обинителот наредил да се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата.

Општа болница со проширена дејност “Борка Талески” информиаат дека блзиначината биле недоносени, родени во 34-та гестациска недела и по барање на мајката новороденчињата  биле испишани од болницата на 10 јануари 2025 година.

„На 30.12.2024 година, во нашата установа, мајка родена во 2001 година, во својата четврта бременост (близначка), се породи спонтано. Близначињата се недоносени, родени во првото новороденче, машко, е со родилна тежина од 1970 грама, а второто, женско, со тежина од 1780 грама. На 10.01.2025 година, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата се испишани од болницата. На 16.01.2025 година, во 10:45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина. По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13:00 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче.“ соопштина од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност “Борка Талески” – Прилеп

Од Полицијата само ја потврди смртта на близначињата.

На 16.01.12025 во 11.00 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека во домот на З.Р.(39) и В.Р.(23) во с.Славеј, прилепско, починало неколку недели старо машко бебе, додека кај нив во тешка здравствена состојба била донесена неговата сестра близначка, која, исто така, починала околу 13.00 часот. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Волчески: Возев кога дознав за номинацијата 13 величествени

Aко публиката е најдоброто мерило за успехот на еден актер, Илија Волчески и во филмот и во театарот постојано ја освојува публиката, со талентот, но и со харизматичноста.  Минатата година тој оствари и главна улога во претставата „Галеб“  од Антон Павлович Чехов во продукција на Народен театар-Битола,  чија премиера се...

За Водици и во базенот на црквата Св. Благовештение и во базенот Салида ќе се “фрла’ Светиот Крст

В недела,  на 19 ти,на Богојавленије Водици во 10,оо часот , главниот водосвет со полагање на Светиот Крст во водите ќе се одржи во базенот во дворот на црквата Св Благовештение. Во осветените води по положениот Крст ќе влзат 22 деца. Најпрви во 7 часот во црквата ќе се одржи...

Во Прилеп за насилство уапсени 6 лица, од кои 2 малолетници

Вчера во 22.00 часот од ул. „Борка Утот” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп уапсиле шест лица поради сторено кривично дело насилство. Како што информираат од МВР се работи за К.П. (42), В.П(34), З.П.(58), А.П.(32) и двајца малолетници, сите од Прилеп. Според пријавеното, настанот се случил на 15.01.2025 околу...