Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер.
Изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Словенија, особено за повредените лица по трагедијата, градоначалникот Грозданов ги истакна потребите на Општината и предизвиците на почетокот од мандатот.
Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста Словенија да помага за различни приоритети на Кочани.
Оваа средба претставува значаен момент во градењето на идната соработка и зајакнувањето на пријателските односи на Кочани со Република Словенија.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









