Словенечката министерка од Виница даде оставка под притисок на јавноста

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева.

Словенечката министерка за дигитална трансформација Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба.

Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката.

Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева.

Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата.

Ljubljana, DZ.
Nova ministrica za digitalno preobrazbo Emilija Stojmenova Duh.
Foto: Tamino Petelinšek/ST

Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење.

Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство.

Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Реализирана донација од SupportKocani за Универзитетската клиника за пластична хирургија

Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.   Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети

Твојата дестинација за совршен ден – Кафе бар „Пикадили“ – Најдоброто кафе во градот – во амбиент што ќе те освои!

Кафе бар „Пикадили“ !!! Смесет се удобно и уживајте во највкусното италијанско кафе Vergnano – вистинско уживање за љубителите на квалитетно кафе! Ентериерот ќе ве воодушеви – модерен, стилски и совршено пријатен, со најудобните столици за целосно кафе задоволство. Богато мени со: Освежителни безалкохолни пијалаци Избрани алкохолни пијалаци И фантастични коктели подготвени со страст! Планирате

Ники Текстил – Македонски бренд што ткае доверба

Повеќе од 20 години, „Ники Текстил“ е дел од секој македонски дом – со квалитет кој се чувствува и удобност што трае. Ние не произведуваме само облека – ние ткаеме доверба. Од најудобните пижами, преку стилска машка, женска и детска долна облека – до комплетна бебешка опрема направена со најнежни материјали. Нудиме и бањарки, купачи,