„Слободно театарче“ е дружба, љубов и ентузијазам (ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Минатата 2024 година, драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, постави и изведе три претстави, а во соработка со Радио Пела, беа дел  од проектот против трговија со луѓе и испратија силни пораки преку театарската претстава „Маѓепсан круг“ која освен во Прилеп, беше изведена и во Крушево, Кривогаштани и Дебреште.

Исто така, оваа особено успешна драмска секција минатата година со претстава и со свеченост одбележе јубилеј-25 години постоење.  Низ годините сработиле многу претстави, а секогаш средствата од продадените билети ги користат за хуманитарни цели. Бројката на вклучени во драмската секција варирала низ годините, а сега членуваат дваесетина ученици.

Покрај редовните членови, во  претставите често учествуваат и деца од основните училишта. Поранешната членка на „Слободно театарче“, Теона Крстеска веќе е студент на Факултетот за драмска уметност во Скопје, а таму планира да се запише и Вања Младеновски.

Постојано остваруваат многу соработки со локалната заедница и со различни здруженија, го промовираат своето училиште СОУ „Ѓорче Петров“, учат правилно да зборуваат, да имаат добра дикција, ги учат елементите на глумата, но најважно од се, се дружат, се социјализираат на корисен начин, градат нови пријателства и даваат свој придонес во културниот и хуманитарниот живот на Прилеп.

По повод номинацијата на „Слободно тетарче“ за 13 величествени, денес разговаравме со менторката  проф. Билјана Тинтоска и со претседателот на секцијата Михал Јорданоски. Слушнете што значи оваа номинација за нив, кои успеси ги постигнале во 2024 и што значи да се живее сплотено со љубов и ентузијазам во рамки на „Слободно тетарче“.

Ф.Д.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Реколта 2026: Цените во новите договори 10 % повисоки од ланските

Сојузот на тутунските здруженија согласно законските рокови ги објави предлог цените за новата тутунска реколта 2026 та според кои предложените цени од претставниците на тутунарите се разликуваат од оние на откупувачите за 70 до 100 денари по класи. Откупувачите утврдија цени кои се за 10 отсто повисоки од ланските за...

Мариухана пронајдена и одземена во неколку индивидуални случаи во Прилеп

Вчера полицијата делува во неколку оделни случаеви, пронаоѓајќи и одземајќи марихуана на различни локации од градот На 02.03.2026 во 12:00 часот на ул.„Тетовска” во Прилеп, полициски службеници  од ОВР Прилеп го лишија од слобода Р.Р.(54) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на...

(ВИДЕО)Овчарството ќе згасне ако државата сериозно не се справи со проблемите на сточарите

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството од Прилеп започна со кампањата „Прашај ја Агенцијата’’ со средба со одгледувачите на овци. Како да се надминат проблемите со исплата на субвенциите за неколку години, вклучително и 2025 та, како е структуирана Програмата за финансиска поддршка за 2026 та беа дел од темите...