Сите откупни тутунски компании ќе донираат за семејството Керимоски од Канатларци

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Сојузот на тутунски здруженија се вклучи за помош на семејство од Селман Керимоски од село Канатларци, чиј што труд и печалба изгоре во пожарот на 29 ти август. Стигнува финансиска помош, како и донации во балиња тутун, за што најважно е да се обезбеди соодветен магацински простор, рече Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија при гостувањето во програмата Радио што се гледа.

„Во контакт сме со Локална самоуправа Прилеп, со Министерството за земјоделство и со Платежната агенција. Верувам дека општината и министерството ќе оддвојат средства за помош на семејството, додека од Платежната агенција за земјоделство, преку која се набавени двата нови трактора кои целосно изгореа во пожарот очекуваме одговор што може да се направи за да му се помогне на семејството Керимоски. Во исто време ги исконтактиравме сите 10 откупни тутунски компании од каде добивме позитивен одговор за доделување на финансиска помош,“ вели Ристески.

Што се однесува до актуелната тутунска реколта се очекува таа да тежи околу 26 илјади тони, наместо очекуваните рекордни околу 31 илјади тони според договорите. Сојузот, како единствен легитимен претставник на тутунопроизводителите во периодот што следи активно се вклучува за измени во Законот за тутун, со кои ќе им се даде рамноправна улога при креирањето на цените при секоја наредна нова тутунска реколта.

„Сегашниот начин на откуп е многу погрешен бидејќи се проценува производството само во една класа. Откупните цени кои што ги дадоа компаниите се ниски и нереални, па заради тоа и за оваа реколта е потребно да се прават анекси на договорите за зголемување на цените – наместо цените во договорите да бидат фер според класите“, вели Ристески.

Инаку, започна пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун завршува на 30 септември 2025 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...

Формирани Комисии за работа на Советот на Општина Прилеп

На 02-та седница на Советот на Општина Прилеп во новиот состав,  советниците со мнозинство на гласови како прва точка на дневниот ред советниците го усвоија предлог-решението за верификација на мандат на Катерина Пузеска за член на Советот на Општина Прилеп.На дневен ред потоа беа усвоени прделозите за формирање на комисии кои...