Сите даваа поддршка, но нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пропадна обидот на ЛДП да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листа. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.

Иако од ВМРО ДПМНЕ не гласаа „за“ предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тие поддржуваат една изборна единица. Според Мицкоски, темата се покренала откако од ДУИ, како што вели, ја нападнале Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа.

Претходно од ДУИ истакнаа дека тие поддржуваат предлог за една изборна единица со отворени листи, но со изборен праг за избор на пратеници – 3% од регистрираните гласачи или 5% од излезените на изборите.

И, на крајот сите даваа поддршка, но не е изгласан предлогот да има една изборна единица.

Инаку, според образложението, предложените измени за воведување на една изборна единица се со цел да се постигне еднаква вредност на гласот на сите граѓани, без оглед на географската распределба.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од утре започнуваат уписите во средните училишта

Освен што учениците ќе треба да аплицираат електронски, ќе треба и да ги достават документите во училиштата на 18 јуни, во периодот од 8 до 19 часот, како и на 19 јуни во периодот од 8 до 17 часот. Од утре (14 јуни) до 17 јуни е првото електронско пријавување...

Kонцерт на „Трио џентлмен“ во Прилеп

Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп на 16 јуни, понедленик, во 20 целовечерен концерт ќе одржи „Трио џентлмен“. Под слоганот „Македонска рапсодија“ на концертот ќе бидат исполнети следните композиции: „Тајно моја“, „Кога те нема“, „Чукни во дрво“, „Штом се сака“, „Che sara“, „L’Italianovero“, „Mamma son tanto...

ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: До 31 јули отворено е e-барање за поднесување за 2025 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е отворен електронскиот систем за поднесување на барања за директни плаќања во земјоделството. Краен рок за поднесување на барањата е 31. 07. 2025 година. Во овој период се поднесуваат барања за: – растително производство по обработлива...