Синоќа започна Прилепскиот џез викенд

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Синоќа, со најновиот музички материјал  на словенечкиот  Блаж Шваган квартет, започна четиринаесетотто издание на Прилепскиот џез викенд.

Квартетот пред прилпеката публика го претстави најновиот материјал снимен во Лондон во 2024 година. Станува збор за музика која може да се опише како модерен џез, кој се инспирира од дет металот и од научната фантастика.

Вториот дел од вечерта беше посветен на прерано починатиот пијанист и тромбонист Филип Стевановски кој загина во кочанската дискотека „Пулс“   во март годинава. Неговите колеги од различни музички состави изведоа голем број познати и помалку познати џез копозиции, како и дела кои ги изведувале заедно со Стевановски. Актерот Илија Волчески, пред публиката и пред ќерката и сопругата на Стевановски имаше кусо обраќање во кое ги истакна талентот, посветеноста и професионалноста на Стевановски.

Ве замолувам за еден силен аплауз, затоа што Филип најмногу живееше за аплаузот-рече Волчески.

Програмата планирана за  вечерва ќе започне со настапот на бендот од Скопје,  „Тхе локал блу“ (The Local Blue) од кој пубиката ќе има можност да слушне инструментален краут рок со забележливи психоделично-динамични акценти, уникатна спојка на една звучна палета од психоделичен, стоунер, спејс и пост рок..

На крајот од денот Прилеп џез викенд   ќе биде домаќин на ТОКУ (TOKU), претставник од њујоршката џез сцена, кој на фестивалот во Прилеп ќе настапи со Самураи џез квартет (SAMURAI JAZZ QUARTET) во придружба на врвни македонски артисти кои оставиле голем белег во џез и ворд музиката,  на меѓународната сцена,  Оливер Јосифовски, Симеон Петров и Александар Петров.

TOKU (познат како Џез Самурај) е џез вокалист и свирач од Јапонија, кој  зад себе има 14 издадени албуми за Сони мјузик (Sony Music- , а од 2021 година тргнува на патување за да се поврзе со светот преку својата музика…

Амбиентално – синематски стил на музика преку реализација на проектот „Ноќен пејсаж“ на публиката во Прилеп ќе и презентираат Глигор Кондовски и Владан Дробицки.

Фестивалот ќе го затвори легендарната група „Обојени програм“  која повеќе од четири децении е присутна на сцената, а  повеќе од триесет години не настапила во Македонија.

– Прилеп џез викенд  веќе четиринаесет години е домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката-велат организаторите.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Македонија,  Општина Прилеп и неколку општествено одговорни компании.

Текст и фото: Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: