Синдикатот на протест во Скопје

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На протест во Скопје денеска излегува Сојузот на синдикатите на Македонија, бараат покачување на минималната плата од 600 евра, и зголемување по 100 евра за сите останати плати.

Под мотото „28-ми јануари е денот кога работниците зборуваат“, уште еднаш ќе се повторат барањата за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари, преку раст на минималната плата на најмалку 600 евра. За две години без раст на платите, работниците реално осиромашиле за околу 9.500 денари, колку што пораснала вредноста на синдикалната минимална кошница, нагласуваат од ССМ и посочуваат дека околу 200.000 вработени примаат плата под 30.000 денари, што ја продлабочува сиромаштијата и го поттикнува иселувањето.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги поддржува актуелните барања на дел од поголемите синдикати.  ССНМ смета дека приклучување на протестот на кој повикува Сојузот на синдикати е достоинствено демонстрирање на потребите на работниците:

Аргументите за оваа одлука се повеќе од видливи особено во медиумската индустрија која во последните години доживува континуиран пад на висината на приходите на ангажираните медиумски работници, како и на условите за работа што, во продолжение се рефлектира, и врз целокупните општествени процеси во Македонија. Според анкетата на ССНМ и Институтот РЕСИС објавена во 2024 година, повеќе од половина од членовите на медиумската заедница заработуваат помалку од просечната месечна плата во земјава, а последните податоци говорат и дека голема е бројката (безмалку една третина) на новинари, камермани, креативни дизајнери, монтажери и останати кои од работодавачите се „држат“ на минималната плата. Со оглед на тоа дека голем дел од вработените во медиумскиот сектор се директно поврзани со оваа категорија, ССНМ бара итно зголемување на минималната плата.

Протестот е предвиден да започне од 17 часот  пред зградата на Сојузот на синдикати на улицата „Мирче Ацев“, по што учесниците ќе се движат низ централното градско подрачје по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“, „Васил Главинов“, како и по булеварите „ВМРО“ и „Илинден“, со крајна дестинација пред зградата на Владата.

Поради движењето на колоната, полицијата ќе воведе привремени сообраќајни ограничувања и пренасочувања на возилата по дел од овие улици, во зависност од динамиката на протестот.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Апсолутно романтично“ – изложба и промоција на албумите на Чоканче

Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1&2 и „Апсолутно романтично“ ќе се одржи на 30.01.2026 /петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. На настанот ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групата Чоканче, чие прво појавување e на 12 март 1983...

Уапсени тројца прилепчани, од кои двајца пијани возачи

Полицијата во еден ден во Прилеп приведе тројца прилепчани во алкохолизирана состојба, еден за  заради нарушување на јавниот ред и мир и двајца возачи со над 2 промили алкохол во крвта, за кои е поднесена пријава за безобзирно управување со моторно возило: На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“...

Време е за урнебесна комедија во Прилеп што не се пропушта – ПОБРЗАЈТЕ за ВЛЕЗНИЦИ да не го пропуштите шоуто

Ова е урнебесна комедија што не се пропушта! “БРЗО, ВИКАЈ ПОЛИЦИЈА” И ERROR 404 е комедија која ќе ви даде нова насмевка и уживање со стендап комучарите и “златните“ момци за ваква комедиско шоу: Миле Џандар, Гиле Гилиптер и Жарко Јовановиќ. Стенд ап спектаклот ќе се одржи во ЦК “Марко...