Симулациска вежба во OУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во просториите на OУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани се реализираше тактичко – показна вежба на симулирано гасење пожар и укажување прва помош на повредени лица.

Пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Кочани по претходно утврдено сценарио симулираа гасење на пожар во објектот на основното училиште и извлекување на повредени лица.

Волонтери на Црвен крст Кочани обучени по прва помош укажуваа помош на симулирани случаи на повреда.

Во тактичко – показната вежба беа вклучени тимови на Територијалната противпожарна единица Кочани и Црвен крст Кочани. Тактичко – показната вежба беше оценета како успешна.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео