Симбол на природна убавина и национална гордост – прилепскиот рубин ќе биде заштитен како национално богатство

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Mакедонскиот рубин – геолошки уникат, што се наоѓа исклучиво во околината на  Прилеп и Мариово и е единствениот рубин во Европа кој природно се вади и обработува,  ќе биде  заштитен  и признат како национално богатство. Ова, по иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која започна институционален процес на негова заштита.

Македонскиот рубин , кој единствено во Европа го има во Прилеп и Мариово , познат е како корунд, со карактеристична малиново-розева боја, која се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структур и  преставува естески уникатен – природен рубин во копнената Европа кој се обработува локално.

Покрај својата естетска и колекционерска вредност, тој претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: