Шкендија Арачиново го доби Осогово, Тетекс и Слога пак во ВМФЛ!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) доби два старо-нови учесници, во името на екипите на Тетекс и Слога Виница, а уште еден тим се враќа по долго време, тоа е Шкендија Арачиново.

ГФК Осогово – Шкендија Арачиново 1-2:

Тимовите кои беа најдобри во своите третолигашки региони доминантно дојдоа до промоцијата која ја посакуваа цела сезона. Шкендија Арачиново во тензичен меч на Градскиот стадион во Кавадарци славеше над ГФК Осогово со 2-1 и така веројатно ги испрати „жетварите“ во Трета лига, а себеси си обезбеди сигурна промоција.

 

Во првиот дел кој го одблежа и прекин заради националистичко навивање, резултатот го отвори Александар Ѓоргиевски од пенал, а во 51. минута преку младиот Симовски, Осогово дојде на 1-1. Моментот на одлука на мечот беше во 58. минута, кога Бујар Иљази биеше од далечина за 2-1 и триумф на арачиновци.

Тетекс – Големо Коњаре 2-2 (4-3):

Тетекс имаше предност од 2-0 против Големо Коњаре, но во финишот во една минута прими два евтини гола, па средбата заврши 2-2 и одлучија пеналите. Тетовчани имаа предност со головите на Ерјон Елмази и Азис Јамини, додека коњарци се вратија во 89. и 90. минута преку Зоран Котески и Беким Алимоски. Во шутевите од белата точка, „штофарите“ беа поуспешни со 4-3.

Преспа – Слога Виница 0-3:

Слога Виница беше сигурна во дуелот со Преспа и славеше со 3-0. Стрелци за виничани на овој меч беа Дарко Стојанов, Филип Петковски и Љупчо Христовски.

Учесници во новата сезона на ВМФЛ се Брегалница, Детонит ПлачковицаСасаОхридБеласицаКожуфСкопјеНовациПобедаВардар Неготино, плус Шкендија Арачиново, Тетекс и Слога Виница. Уште еден клуб ќе биде познат по баражот Беса – Башкими, а последните два тима ќе бидат познати по извлекување ждрепка.

Gol.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари…

ДПД Кочани стана дел од државните ресурси за справување со пожари Од 21 јануари 2026 година, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани официјално е вклучено во Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено, кој функционира во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Со потпишувањето на договорот, 16 обучени членови на ДПД Кочани

„Туран“ излета од патот кај Уларци, тешко повредено малолетно девојче

На 21.01.2026 во 20:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистрален пат кај место викано „Двојни кривини“ во атар на с.Уларци, патничко возило „фолксваген туран“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од с.Спанчево, додека со телесни повреди