Сестрата на Спире кој почина во „Пулс“, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам бато“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, напиша Ана, сестрата на Спире кој го изгуби животот во пожарот во Кочани, и објави емотивно видео на Инстаграм Стори.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани одзеде 63 животи и зави многу семејства во црно. Сите тие на свој начин се справуваат со болката, со траумата на тоа што го дознаа на кобниот 16-ти март.

И секој од нив на различен начин им оддава почит на своите загинати чеда, брат или сестра… А зборовите и фотографиите што ги објавуваат болат до срж.

И не ги болат само најблиските, туку сите во Македонија, кои сочувствуваат со нивната тага и загуба.

Една таква порака, која ќе остане длабоко врежана во колективната меморија, испрати и Ана Стоименова, сестрата на Спире Стоименов, кој загина во пожарот во Кочани на 26 години.

Спире на 12.11 требаше да полни 27 години, но не го дочека својот роденден.

А Ана, со многу болка, му испрати подарок кон небото – 27 сини балони, 26 за секоја година од неговиот живот, но и еден за роденденот што не го дочека.

Таа на своето Инстаграм Стори објави емотивно видео – застаната сама на зајдисонце, ги пушта балоните да летнат кон небото.

„Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, стои во описот на видеото.

Таа сподели и фотка на Инстаграм со брат ѝ, па напиша:

„Светот мој минус тебе во него она што ќе остане, МАЛКУ Е! Свети денеска како што светеше и тука, твој ден е. Роденден. Те сакам, бато!“

 

Ана не го заборава својот брат, па за да одбележи 6 месеци од неговото заминување од овој свет, таа објави заедничка фотка со него и поезија.

Цветот е тајна на Господ – нежна убавина во кревко стебло.
Го држат корените, му даваат потпора и сила да стои исправен.

Но, секое цветче има жед. Без вода венее, без неа се суши и се гаси.
А кога ќе ја најде својата вода тој цвета, блеска, живее.

Јас сум тој цвет.
Корењата што ме хранат и ме чуваат се мама и тато.

А водата што ме разубавуваше, што ми беше живот и светлина, беше Бато.

Сега таа вода ја нема, ми ја земаа.
Сега цветот (јас) остана полусушен – со корени што се борат да го одржат жив“, напиша Ана.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

20 март (петок) е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

Следен неработен ден за сите граѓани во  Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани  Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исплатите се однесуваат на: ∙ Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; ∙ Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; ∙ Мерка 112

Нелегално ископување на археолошки локалитет во Виница

На 03.03.2026 во 11:51 часот во СВР Штип, археолог – кустос во Музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека при вршење на редовни работни активности кај археолошкиот локалитет „Света Недела“ на место викано „Осојница“ во атар на с.Блатец, виничко, забележал дека во изминатиот период имало нелегално ископување кај археолошкиот објект. Полициски службеници од ОВР Виница излегле