Сериозни злоупотреби во прилепската болница- обвинение против девет лица поднесе ОЈО

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе обвинителен акт против осум физички и едно правно лице за серија криминални дејствија во ЈЗУ Општа болница Прилеп. Обвинителството ги товари за продолжени кривични дела „Проневера во службата“ и „Злоупотреба на јавни набавки и јавни повици“.

Според обвинението, поранешната директорка на ЈЗУ Општа болница Прилеп, заедно со тројца вработени, во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година, незаконски присвоила пари од буџетот на болницата, прибавувајќи имотна корист од речиси 9,6 милиони денари.

Обвинението детално ги опишува механизмите на злоупотреба: исплати кон физички лица преку фиктивни налози за работа и фалсификувани обрасци, без договори за дело и без користење на системот на УЈП. Многу од исплатите биле оправдувани со фискални сметки за гориво, ресторани, кафеани и слаткарници – трошоци што немале врска со работата на болницата. За да ги прикријат нелегалните активности, сторителите внесувале лажни податоци во сметководствениот систем и ги менувале износите според фиктивните налози.

Покрај тоа, обвинението опфаќа и злоупотреба на јавни набавки. Поранешната директорка, заедно со еден обезбедувач од болницата, управител и двајца сопственици на фирма за обезбедување, како и самата агенција, свесно го прекршиле законот за јавни набавки. Иако фирмата не ги извршувала обврските од договорот, услугите редовно биле плаќани, со што обвинетите му овозможиле на правното лице да оствари имотна корист од над 6,5 милиони денари, додека болницата претрпела значителна штета.

На обвинетата директорка ѝ се става на товар и злоупотреба на службената положба: пари од фондот за храна за болни биле исплаќани на ресторани, кафеани и продавници, иако набавените производи не биле наменети за пациентите. Со овие дејствија болницата изгубила дополнителни 1,4 милиони денари.

Дополнително, истрагата открила дека во истиот период биле вршени и селективни исплати на додатоци за прекувремена работа на избрани вработени, со што буџетот на болницата бил оштетен за уште 1,85 милиони денари.

Дел од овие дејствија се предмет на посебна истрага од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по кривична пријава од Управата за финансиска полиција и наоди на Државниот завод за ревизија.

Обвинителството нагласува дека случајот откри системски пропусти и злоупотреби во управувањето со јавни средства, кои резултирале со милионски загуби за прилепската болница.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Утре нови цени на горивата – ќе продолжат ли да растат?

Регулаторната комисија за енергетика утре (понеделник) ќе донесе нова одлука за цените на бензинот и дизелот во Македонија. Колкави ќе бидеат малопродажните цени на нафтените деривати, во услови на нестабилни референтни цени на нафтата, останува да се дознае  околу пладне, кога обично се соопштуваат новите цени кои стапуваат на сила...

По иницијатива на жителите сите заедно чистеа за чиста наслеба „Тризла“

Со месното население од населбата „Тризла“, каде  претежно живее ромско население, вработените од јавното претпријатие „Комуналец“- Прилеп, со алат, механизација и транспортни возила ги чистеа дивите  депонии, ромските гробишта, јавни површини и многу улици од оваа населба. Од ЈКП “Комуналец“ веруваат дека жителите од Тризла после оваа еко акција, по...

Пронајден 65 годишен скопјанец починат покрај трактор во прилепско

Вчера попладне (14.03.2026 во 11,48 часот)  во ОВР Прилеп било пријавено дека во с. Витолиште, прилепско, пронаједно е неподвижно тело. Човекот е пронајден починат, покрај трактор, без знаци на насилство. Констатирано е дека станува збор за  лицето  Д.П.(65) од Скопје. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп ,...