Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната септемвриска акција за дарување на крв.
На акцијата крв даруваа 38 крводарители од кои 12 млади лица до 30 години и еден првократен дарител.
Акцијата е 15-та што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
Крводарителите може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина Кочани или секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.