Седумнаесетиот Марш за ангелите во Кочани помина со многу револт и емоции и со намалено присутво на родители и граѓани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со значително помало присуство на родители на настраданите во пожарот од 16 – ти март и нивни подржувачи, вечерва во Кочани помина 17 – от Марш на ангелите.

Вообичаено, свирежи и извици на револт имаше најмногу пред кафулрто „Класик“ во Трговски, пред зградата на Општината, УЈП, Полицијата и пред Судот. Овој пат, родителите налепија транспаренти со свои пораки на општинската, полициската и на зградата на Основниот суд во Кочани, упатувајќи предупредувачки порака дека оној што ќе ги отстрани, ќе го снајде иста судбина како нивната.

Родител на починато момче ја обвини кочанската полиција дека нивни службеници имаат најголема вина за смртта на нивните деца, затоа што кобната ноќ ја затвориле врата на дискотеката „Пулс“, па нивните деца гореле затоа што не можеле навреме да излезат.

Рекоа, на правосудниот систем не му веруваат, посочувајчи ги странските дипломати и новинари, кои според нив, кога доаѓале кај нашите политичаи, им укажувале дека судството не ни функционира и после 35 години самостојност.

Го споменаа и премиерот Мицковски, кој, како што рекоа, уште на почеток им ветил дека ќе доаѓа на маршевите со нив, но и после пет месеци ниту еднаш со негово присуство не им дал подршка.

Родителите најавија дека со марширањето за нивните ангели ќе продолжат и понатаму.

Видео материјал за овој настан можете да проследите на фејсбук профилот на radiokocani.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЦК „Бели мугри“ и Јуроп хаус – До крајот на октомври три театарски претстави во Кочани

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани и во месец октомври ја продолжува соработката со ЈУРОП ХАУС со нови содржини за кочанската публика. Октомвриската програма е составена од три театарски претстави од македонските театри: 25 октомври – 20:00 часот „Синиот портокал“ – Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес • 27 октомври – 13:00 часот

PUBLIC coffee bar – Место за кафе, коктел и приказна што трае до доцна во ноќта.

Кафе што те буди, атмосфера што те инспирира Место каде што утрата започнуваат со мирис на совршено кафе, а ноќите никогаш не завршуваат. PUBLIC coffee bar Опуштена атмосвера,  елегантен ентериер уреден со вкус Простор со комфор и комодитет што овозможува  да се работи Секој ден нова понуда на пијалоци ….Кога ќе се стемни, PUBLIC –

Дали Кочани ќе остане без традиционалниот панѓур – КЈП „Водовод“ остана без директор

Неизвесно е дали овогодинешниот традиционален Кочански панаѓур ќе се одржи во планираниот период од 6 до 9 ноември. Причината е неуспешното спроведување на две јавни наддавања за организатор, на кои се пријавила само една фирма што понудила пониска цена од предвидената. Поради тоа, останува неизвесно дали воопшто ќе се реализира настанот што секоја година привлекува