Се запали возило во движење, за среќа нема повредени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска (24.09.2024) во 05.35 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Виница настанал пожар во патничко возило „сеат ибица“ со винички регистарски ознаки, во движење, управувано од шеесетгодишник од село Лаки, виничко.

Екипа од Територијалната противпожарна единица Виница го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започна изградбата на велодром во Кочани – инвестиција во здрав и активен живот

Во малото зеленило каде што се вкрстуваат улиците „Скопска“ и „Сремска“ во Кочани, денеска беше означен почетокот на проектот за уредување на современ простор наменет за велосипедисти. Станува збор за изградба на нов вело-полигон, кој се реализира како донација од Стопанска банка АД Скопје. Планирано е овој простор да зафаќа околу 324 квадратни метри и

Општина Виница ги отстрани бараките на „Илинденска“ – се уредува просторот и се отвораат нови паркинг места

Општина Виница ги отстрани времените објекти (бараки) на улицата „Илинденска“, кои со години беа нефункционални и претставуваа несоодветна слика за овој дел од градот. По нивното отстранување, започнати се активности за уредување на просторот и создавање дополнителни паркинг места. Од општината информираат дека новите паркинг капацитети ќе бидат од особено значење со претстојното отворање на

Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани – Интервенирале полицијата, ТППЕ и итната помош…

Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што непознат сторител се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на оградата околу храмот. На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа