Се уредува СРЦ „Бавчалук“ – засадени нови садници

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во рамките на реализацијата на проектот за уредување на паркот во месноста Бавчалук, во кругот на Спортско-рекреативниот центар „Бавчалук“ се засадени нови садници. Наредниов период ќе се продолжи со озеленување, чистење на обраснатата вегетација, реконструкција на постоечките пешачки патеки и уредување на просторот.

Хортикултурното уредување и расчистување на површината на СРЦ „Бавчалук“ е учество на Општина Кочани во реализацијата на овој проект во соработка со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип.

Проектот опфаќа целосно обновување на содржините во Спортско-рекреативниот центар. Асфалтирани се терените за мал фудбал и кошарка, а ќе се обноват подлогите, ќе се заменат таблите и обрачите на кошевите, како и стативите на фудбалското игралиште.

Вкупната вредност на проектот изнесува 3.781.720 денари од кои 1.050.000 денари се од Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, а останатите средства се од Буџетот на Општина Кочани.

Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во подготовка книгата “Пепелта памти” од авторот Вероника Саздовска

Почитувани родители,   Во знак на почит и сеќавање на трагедијата, подготвувам книга со наслов „ПЕПЕЛТА ПАМТИ“, во која сакам да им оддадам достоен спомен на сите жртви. Доколку сакате името и презимето на вашето дете да биде запишано во книгата како дел од овој споменик во зборови, ве молам обратете ми се со ваша

Повредените со кошаркарски натпревар во чест на загинатите

В недела, 15 март 2026 година, со почеток во 10:30 ч. ќе се одржи велосипедска тура во чест на загинатите и на повредените во трагедијата. Поаѓањето е од Паркот на Револуцијата, по што учесниците ќе возат низ Оризари, Прибачево, Грдовци, Мојанци, Подлог и покрај местото на трагичниот настан – „Пулс“, по што турата ќе заврши повторно