Се роди првото бебе во 2025 година во Зрновци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на Зрновци го дочекаа првото новороденче во 2025 година.

На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како четврта рожба во семејството на Еми и Моне Ивановски, кои веќе имаат три деца.

Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци  и поддршка за семејството.
-Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим при ЈЗУ Општа болница Кочани, за посветеноста и врвниот професионализам, им посакувам успешна и плодна работа за доброто на сите граѓани во тековната 2025
-Традиционално со скромни подароци за мајката и новороденчето од Локалната самоуправа на општина Зрновци им посакавме многу здравје, среќа и безгрижни детски денови.
Изјави за Радио Кочани Градоначалникот Борчо Коцев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Посета на Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов во Центар за култура „Бели мугри“

Во текот на вчерашниот ден, Претседателот на Комисијата на  Агенцијата за електронски комуникација Орце Симов, ја посети Националната установа – Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани. При посетата, со Претседателот Симов беше разговарано за текот на постапката за реализација на донираните финансиски средства од Агенцијата за електронски комуникација, наменети за набавка на современа мобилна

Од денеска во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ започнува пријавувањето за скокање по Честниот крст

Денеска, среда, 14 јануари 2026 година, во православниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ во Кочани започнува пријавувањето за учество во традиционалното фрлање на Чесниот крст во водите на Кочанска Река. Право на учество имаат полнолетни мажи од христијанска вероисповед, со навршени 18 години, да сежители на општина Кочани, како и задолжително да приложат лекарска потврда дека се

Амфенол Технолоџи Македонија има потреба од нови вработени на следните позиции:

1.Оператори во производство 2.Оператор за подготовка на производство        3. Сетери и техничари за одржување        4. Техничар за контрола на квалитет        3. Инженер за квалитет     Компанијата нуди одлични услови за работа, редовна плата, храна и превоз и одлични можности за кариерно унапредување. Дополнително се исплаќа: Бонус за редовност, Бонус по постигнати