Се роди првото бебе во 2025 година во Зрновци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на Зрновци го дочекаа првото новороденче во 2025 година.

На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како четврта рожба во семејството на Еми и Моне Ивановски, кои веќе имаат три деца.

Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци  и поддршка за семејството.
-Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим при ЈЗУ Општа болница Кочани, за посветеноста и врвниот професионализам, им посакувам успешна и плодна работа за доброто на сите граѓани во тековната 2025
-Традиционално со скромни подароци за мајката и новороденчето од Локалната самоуправа на општина Зрновци им посакавме многу здравје, среќа и безгрижни детски денови.
Изјави за Радио Кочани Градоначалникот Борчо Коцев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Виница на листата за трансформација: Неоперативните зони ќе се понудат на домашните инвеститори

Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и во Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Како што истакна Димовски, одговарајќи на новинарски

ВДЛ Ван Хоол вработува лица на повеќе позиции со или без работно искуство..

 Фабриката за автобуси ВДЛ Ван Хоол вработува со или без работно искуство: автолакери, фарбари и припремачи за фарбање, заварувачи, електричари, автомеханичари, магационери, столари, автолимари, машински и електро-техничари и инсталатери. Аплицирајте на vdlvanhool.com во делот „Кариери“ или јавете  се на 070 333 299.

Едно лице лишено од слобода оти кај него била пронајдена марихуана

На 15.06.2026 во 16:20 часот на ул„Евлија Челебија“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.Н.(51) од Кочани затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.