Се поставува водоводна мрежа на улицата „563“ во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Започна изведбата на водоводната мрежа на улицата „563“ во Кочани. Водоводниот крак што се гради е со должина од 430 м и се наоѓа во Лесна Индустрија.

За изградба на водоводот на улицата „563“, преку Програмата за инвестирање во животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање,  одобри 3 милиони денари, а Општина Кочани учествува со 773.301 денар.

Изведувач на работите е „Калина“ од Оризари.

Со решавањето на водоводната, канализациската и патната инфраструктура во овој дел на Кочани, Општина Кочани ги подобрува условите за изградба на нови стопански капацитети во зоната Лесна индустрија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Супорт Кочани“ : Досега собравме и поделивме близу 11 милиони денари

„Супорт Кочани“ денеска објави видео информација за своја втора распределба од заедничката сметка за донации. Од вкупната сума од близу 11 милиони денари, 1 094 493,оо  се отидени за данок на држвата (ПДП) . Останатите средства во еднаков износ и рамноправно се поделени на 137 лица. Секое од нив доби 71  900 денари. Почитувани, транспарентно

Кочанскиот тим со апликацијата „EduPari“ победник на „Startup Weekend Skopje 2025“

  На почетокот на ноември во Скопје се одржа најголемиот претприемачки настан во земјава – „Startup Weekend Skopje 2025“, кој оваа година ги обедини повеќе од 45 учесници и осум тимови составени од млади иноватори, програмери и претприемачи со заедничка цел – создавање современи fintech решенија. Меѓу најистакнатите учесници беше тимот од Кочани, составен од

Утре православните верници го чествуваат Митровден – Ако денот бил сончев, зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови

Утре, осми ноември, православните христијани го чесатвуваатпразникот посветен на светиот великомаченик  Димитриј. Денот се слави на целиот Балкански полуостров, а традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време, односно зимата. Што се однесува до народниче обичаи, тие наложуваат да се остане дома. Се верувало дека оној кој што дента нема да биде дома, цела година