Се поставува водоводна мрежа на улицата „563“ во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Започна изведбата на водоводната мрежа на улицата „563“ во Кочани. Водоводниот крак што се гради е со должина од 430 м и се наоѓа во Лесна Индустрија.

За изградба на водоводот на улицата „563“, преку Програмата за инвестирање во животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање,  одобри 3 милиони денари, а Општина Кочани учествува со 773.301 денар.

Изведувач на работите е „Калина“ од Оризари.

Со решавањето на водоводната, канализациската и патната инфраструктура во овој дел на Кочани, Општина Кочани ги подобрува условите за изградба на нови стопански капацитети во зоната Лесна индустрија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во нејзиниот дом нападната од сосетка

На 15.10.2025 во 12:40 часот во Полициската станица Кочани, И.Ц.(56) од Кочани пријавила дека на 20.07.2025 во нејзиниот дом била физички нападната од нејзината сосетка Б.„Н“. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Штип.  

Кампања за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот

Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта – P170267 со Министерството за транспорт и Светска банка, Општина Кочани спроведува проектна задача за подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот. Како една од десетте општини во Македонија, Општина Кочани со ОУ „Никола Карев“ спроведе кампања во која беа опфатени учениците од сите одделенија. Едукативните

Јавно осветлување на улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани

Крак од улицата „Генерал Апостолски“ во Кочани доби јавно осветлување. На неодамна асфалтираниот дел од оваа улица се поставени 8 метални столба со ЛЕД-арматури. Улицата „Генерал Апостолски“ ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, а на овој крак е изградена и велосипедска патека. Со цел да се подобри видливоста во вечерните часови на јавно-прометните и сообраќајните