Се одбележаа 160 години од раѓањето на Ѓорче Петров

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По тој повод 160 години од раѓањето на македонскиoт револуционер, прилепчанецот Ѓорче Петров   претставници од Советот на општина Прилеп и од СОУ „Ѓорче Петров“, кое го носи името на револуционерот, пртставници од политчки партија и здруженија на граѓани, денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на истакнатиот револуционер, во центарот на градот.

Покрај револуционерната дејност и неговата посветеност на Македонската револуционерна организација, Ѓорче Петров се докажал и како прв географ и етнолог во Македонија, професор, публицист и историчар. Ѓорче Петров е роден на 2 април 1865 година, во Варош, а на 28 јуни 1921 година загинува во атентат во Софија, Бугарија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk. “Денеска имам чест да означам заокружување на еден значаен чекор кон дигитализирањето на најважните услуги за...

Прилепчанец приведен од полицијата-бил пијан и со забрана за возење

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци ноќеска во 03.25 часот на ул.„7 Септември“ во Кавадарци, го лишиле од слобода А.М.(28) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, и по...

Злоупотребени концесии за над 2 000 хектари земјоделско земјиште

За неколку месеци продолжува распределбата под концесија на државното земјоделско земјиште, најави денеска министерот Цветан Трифуновски, а паралелно инспекторатот прави контроли на злоупотребите кои биле вршени изминатиот период. – Завршија петте јавни повици кои беа ставени на располагање во декември и во јануари. Веќе се изготвени договорите, се испраќаат кај...