Се гласа во вториот круг за градоначалници за 32 општини и Градот Скопје

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Победник на денешните избори за градоначалници за 32 општини и Градот Скопје ќе биде оној кандидат што ќе освои најголем број гласови. Во вториот круг не е потребен цензус, се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, а за градоначалник е избран оној што добил поголем број гласови.

Општините каде што денеска се гласа за градоначалник се: Град Скопје,  Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.

Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот, а гласањето е тајно и се врши зад параваните со сино хемиско пенкало.

Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии односно Изборната комисија на градот Скопје во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Конечните резултати од изборите ДИК ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Во вториот круг право на глас имаат 1 013 375 гласачи. Од нив, 474 304 избирачи гласаат за градоначалник на Град Скопје.

Ако и по вториот круг, вели Изборниот законик, од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, тогаш Државната изборна комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ќе ја извести Владата.

Откако ќе го добие известувањето, Владата има рок, кој исто така е 15 дена, да именува повереник што ќе ги врши работите што се во надлежност на градоначалникот.

Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието за распишување нови избори избори за градоначалник.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пресудија 19 гласови во Крушево, неофицијално Нико Чонески од ВМРО ДПМНЕ е нов градоначалник

Првични неофицијални резултати за вториот круг од Локалните избори за гласањето во регионот: Голема победа на  ДРАГАНЧО САБОТКОВСКИ од Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во општина Могила  со 79,86% од гласовите вкупно 2.070, наспроти независниот кандидат САШО ПИВКОВСКИ со 16,01% или 415 гласови. Во општина Долнени победата ја однесе БЛЕРИМ...

Заврши гласањето, се очекуваат резултатите

Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат. Гласачкото место на кое гласале сите граѓани запишани во изводот од Избирачкиот список може да се затвори и пред 19:00 часот, по претходна согласност од надлежната општинска изборна комисија...

Крушево до 15 часот највисока излезност од над 50%, Долнени над 33%

На ниво на Македонија излезноста во вториот круг од Локалните избори до 15 часот изнесувала 27, 18 % информира Државна изборна комисија. Највисока заинтересираност за гласање покажале граѓаните од општина Крушево, таму излезноста е највисока во Македонија од 50,22%. Во општина Долнени излезеноста е 33,39 %, додека во општина Могила...