Се доуредува последниот дел од плоштадот Методија Андонов Ченто

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Пешачката зона кај хотел Скопје и пред Участокот и делот кон катната гаража кај старата автобуска станица се доуредува. Неколку денови градежната механизација го отстранува стариот слој на асфалт, се подготвува теренот за поплочување и урбано уредување на просторот. Градоначалникот Дејан Проданоски на увид во градежните активности истакна дека овој дел од центарот на градот наменет за пешаците нема да биде узурпиран од автомобили.

„ Станува збор за реконструкција и партерно уредување на дел од јавна површина од 2.100 м² – последниот неуреден простор од плоштадот Методија Андонов – Ченто, како и поставување нова урбана опрема. Средствата во висина од 16.356.730 денари се обезбедени преку вториот Јавен повик за инвестиции во општините, поддржан од Владата на Република Македонија“, посочи градоначалникот Проданоски.

Рокот за изведба на градежните активности е пет месеци, но со оглед на големата фреквенција  од пешаци на овој дел од плоштадот  уредувањето ќе се одвива забрзано во пократок временски рок. Планирано е поставување на нова урбана опрема над 20 нови клупи, обновување на зеленилото, со корпи за отпадоци, декоративни елементи и уредување на постојните парковски делови.

Што се однесува на уредување на инфраструктурата во старата градска чаршија од општинскиот Буџет планирани се одредени средства за тековно одржување.

„Како и секоја година се одредуваат дел од средствата од Буџетот за одржување на улици и плоштадите. Така би било и оваа година, но да не очекуваат граѓаните сериозни по однос на старата градска чаршија. Се очекува да заврши проектот за реконструкција на подземниот строј на старата чаршија со комплетна промена на подземната инфраструктура: водовод, канализација, електрични водови и водови за телекомуникации. Понатаму следна фаза е во разговори со раководството на Завод и Музеј Прилеп понатаму да се оди во реконструкција на чаршијата и да се враќа полека автентичниот изглед на старата прилепска чаршија, нешто слично како наши соседни држави и соседни градови. Верувам дека за ова ќе ни бидат на располагање Европските фондови,“ рече градоначалникот Проданоски.  

Паралелно интензивно се работи и на кружниот тек на мостот Табана. Привршуваат подземните работи на статиката, а наскоро ќе се започне со изградба на површинскиот објект од мостот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Реколта 2025 та рекордна, за 2026 во очекување се повисоки цени за новите договори

Откупот на тутунот е пред самиот крај, на 10 денови пред законскиот утврден рок откупени се над 26 000 тони ориентален ароматичен тутун, што е далеку над очекувањата. „Откупот за реколтата 2025 та година е пред крај, откупени се 99 отсто од количините на тутун. За среќа некаде околу 26...

Уште една кадровска промена во Прилеп

Кадровска промена во ЈКП “Водовод и канализација” .- Прилеп. Ѓоко Јочкоски е именуван за нов директор на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп. Јочкоски е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство во ова ЈП “Водовод и канализација”- Прилеп. “Очекуваме нови позитивни промени и одлично функционирање на претпријатието како ефикасен сервис...

Метео Аларм: Утре во Пелагонија силен ветар со брзина од над 60км/ч

Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во источните делови и во Пелагонија (над 60км/ч), предупредуваат од Регионалниот Центарот за управување со кризи – Прилеп Во четврток, утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе...