Се асфалтира улицата „Новопроектирана 1“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во јужниот дел на зоната Лесна Индустрија во Кочани, се асфалтира улицата „Новопроектирана 1“, којашто е продолжение на претходно изградениот дел од неа.

Градежните работи за оваа улица опфатија рамнење и набивање на тлото, поставување рабници и сливни решетки и нивелирање на шахтите за атмосферска и за фекална канализација.

Улицата е долга 100 м, широка 7,5 м,  изведувач на работите е „Гама градба“ од Скопје, вредноста на објектот е 3.200.000 денари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Детали од МВР за вчерашниот пожар во кој изгоре дел од семејна куќа

На 22.07.2025 во 13.37 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Браќа Ставреви“ во Кочани, сопственост на Л.С.(62) од Кочани. На местото излегле полициски службеници од ОВР Кочани и екипи од Територијалната противпожарна единица Кочани. Пожарот бил  изгаснат, а поради вдишување чад при гасењето во медицински установи за укажување на

НЕКОЈ ПЛАНИРАЛ ДА ПАЛИ 30 ГУМИ ПОД ЦАРЕВ ВРВ Службите спречија уште еден обид за подметнување пожар

Доколку не беше спречен, пожарот бргу би се проширил во блиската шума, вели директорот на ДЗС благодарејќи им на шумочуварите од Национални шуми за брзата реакција и апелирајќи до граѓаните да пријават вакви случаи доколку забележат сомнително однесување. Спречен е уште еден обид за подметнување пожар, информираше директорот на Дирекцијата за заштита спасување Стојанче Ангелов.

40-годишен маж од скопско и неговата фирма измамени за над 4.300 евра од лице од Кочани

На 21.07.2025 во 10.45 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од скопско пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 268.680 денари. „Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски и се претставило како сопственик на градежна фирма од Кочани, кој сакал да има соработка и да порачува градежни материјали од неговата фирма во скопско.