Сашко Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Ислами од ВЛЕН  во трката за градоначалник на Долнени

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Двајцата кандидати за градоначалник за Општина Долнени, Блерим Ислами од ВЛЕН  и Сашко Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ,  ја почнаа кампањата за вториот круг за избор на градоначалник.

Сашко Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ во овoj двонеделен рок од изборна кампања напиша дека ќе се фокусира на промоција на програмата до секој жител на Општина Долнени и изрази увереност во подобар резултат во вториот круг.

Во првиот круг го покажавме вистинското лице на Долнени – лице на единство, решителност и надеж! Благодарност до сите што застанаа со нас – Македонци, Бошњаци, Албанци и Турци – кои веруваат дека Долнени може и мора подобро! Вашата поддршка е јасна порака дека граѓаните се уморни од неправдите, поделбите и разочарувањата. Доста беше ветувања без дела – време е за нов почеток, за општина каде сите ќе се чувствуваме рамноправни и слушнати. Сега е моментот да ја заокружиме промената што ја започнавме! Во вториот круг, да се обединиме уште посилно и да застанеме зад човекот кој има визија, чесност и енергија да го води Долнени напред – Сашко Велјаноски! Да покажеме дека кога сите заедно стоиме – нема сила што може да нè запре! Поддржи ја промената. ДОЛНЕНИ ЗАСЛУЖУВА ПОВЕЌЕ!, напиша тој.

Кандидатот на ВЛЕН,  Блерим Ислами , изјави дека во следните две недели ќе го  посети секое семејство за да побара поддршка.

Ќе продолжиме со нашата програма и во овој двонеделен рок, со цел да стигнеме до секој граѓанин. Долнени има потенцијал – во земјоделството, образованието, инфраструктурата и со нов, чесен и отворен правец, можеме да изградиме подобра иднина за секое семејство. Заедно можеме да направиме промена!, напиша Блерим Ислами, кандидат за градоначалник на ВЛЕН за Долнени.

Ккампањата за вториот круг од изборите е во тек, а ќе  заврши на 30 октомври на полноќ. В сабота е мол, а веќе в недела на 2 ноември ќе се одржи вториот круг на изборите . Во вториот круг на гласање за градоначалник би бил избран кандидатот кој би добил најголем  број гласови.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...