Саем на винили – Кочани прераснува во културен урбан центар

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Регионален саем на музички вљубеници во винилот (носач на звук) се одржа денеска во Паркот на Револуцијата во Кочани, како дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот.

На оваа музичко – културна манифестација, петта по ред, учествуваа излагачи на винили од градови од Србија, Црна Гора, Грција и Македонија со „плочи“ од шеесетите, седумдесетите, осумдесетите….

„Успеавме да направиме една мала традиција во Кочани, преубав град, во кој, за жал, се случуваат малку културни настани со ваков урбан карактер и уште помалку некој од нив може да се пофали со ваква традиција. Оваа е петта година како ја продолжуваме таа приказна, имаме искачувања и паѓење, но траеме“, рече за Радио Кочани, Тошо Филиповски, идеен творец на оваа музичка манифестација.

Освен винили, кај изложувачитен имаше и дуги физички изданија –  цедиња и касети, за догодина се планираат стрипови и литература.

Според Флиповски, приказната што започна со изложување на винили како традиционални носачи на звук, продолжува. Тој смета дека Кочани сигурно се движи во насока, која ќе му овозможи да прерасне во регионален урбан центар од културата.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вози сигурно, избери „D Мото“ – Кочани !

Д Мото – Кочани, вистинското место за секој моторџија! Голем избор на делови за мотоцикли, квалитетни акумулатори, издржливи пневматици, модерни кациги и врвна мото козметика – сè на едно место. Сигурност, квалитет и перформанси за вашето возење – секој ден. Локација: под големиот паркинг кај ГТЦ Кочани. Контакт: 071 208 849. Д Мото – за

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во Еразмус + проекти

Четири наставнички од училишниот младински клуб „Драгана Минова“ од ОУ „Раде Кратовче“ успешно го завршија учеството во два Еразмус + проекти што се одржаа во Смолјан, Бугарија. Во рамки на проектите, тие учествуваа во обуки и работилници посветени на ментално здравје при што стекна нови знаење и искуства. За својот ангажман добија сертификати, а од

За борачот Ангелов – спртската стипендија од Општината

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост