Саем на книга под слоганот „Приказна се чита“ од денеска до 24 април

Оригинален линк на написот: Text.mk

Саемот на книга започнува денеска и ќе трае до 24 април, во арена Борис Трајковски со изданија од домашни и странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и регионот.
-Оваа година, пораката на Саемот на книга е „Приказна се чита“ инспирирана од оние „stories“ кои ги поставуваме на социјалните мрежи. Моќта на социјалните мрежи е огромна во денешницата, затоа ајде да ги искористиме за нешто добро и преку нив да испишеме приказна која долго ќе се памети! Присуствувајте и допрете ги приказните што се раѓаат помеѓу страниците. Приказната се чита, а нашиот свет е богат со неверојатни патувања и искуства! – е пораката на годинашното издание на Саемот на книга.
Посетителите на 36. издание на Саемот на книга, во текот на седумте саемски денови ќе можат да одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори, а ќе имаат можност и да присуствуваат на преку 30-те промоции на нови книги и автори во рамките на Саемот.
Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18:00 часот. Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изложба „Регенерација“ на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во Белград, Србија

Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена во петок, 4 јули 2025 во 19 часот во Културно информативниот центар на Република Северна Македонија во Белград, Србија. Љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат до 9 јули. Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн The post Изложба „Регенерација“ на Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска во Белград, Србија first appeared on Text.mk.

По повод 75 години ДФРМ, од 3 до 18 јули во Кинотека филмска ревија со култни македонски филмови

На 3 јули, во Кинотеката на Македонија започнува специјалната филмска програма во чест на 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ). По тој повод, публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија. Сите љубители на филмската уметност, The post По повод 75 години ДФРМ, од 3 до 18 јули во Кинотека филмска ревија со култни македонски филмови first appeared on Text.mk.

Проекција на седум кусометражни играни филмови во Кинотека на РСМ

На 2 јули (среда) со почеток во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката на РСМ ќе се одржи проекција на седум кусометражни играни филмови работени според сценарија на македонски писатели.  На програмата се филмовите: „Сонце зад решетки“ од 1957 г., по сценарио и во режија на Славко Јаневски; „Твојот роденден“ од 1961 The post Проекција на седум кусометражни играни филмови во Кинотека на РСМ first appeared on Text.mk.