Рудник САСА и за овие празници ја продолжи традиција на поддршка за локалната заедница и своите вработени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Покрај поддршката што ја дава во текот на целата година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници Рудник САСА реализираше неколку активности со цел да ги награди своите вработени и да придонесе сите во локалната заедница да ја почувствуваат радоста на празниците.

И оваа година сите вработени во Рудник САСА добија новогодишен бонус и пригодни подароци, во знак на благодарност за нивната посветена работа во текот на целата година и нивниот придонес за успехот на компанијата.

Поделени беа и над 600 новогодишни пакетчиња за децата од локалната детска градинка и од основното училиште „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

Дополнително, донации во пакети со храна и други основни производи беа обезбедени за 227 семејства од социјално ранливи категории во локалната заедница, a доделена е и соодветна поддршка за корисниците на Дневниот центар за лица со попреченост во Македонска Каменица.

Продолжувајќи ја востановената традиција, претставници од менаџерскиот тим на Рудник САСА ќе ги посетат дежурните тимови во службите за итна медицинска помош, противпожарната единица, полицијата и вработените во Рудник САСА кои ќе работат на новогодишната ноќ. На сите нив ќе им ги честитаат празниците и ќе им предадат пригодни подароци.

„Овие активности ја одразуваат нашата континуирана посветеност за благосостојбата на заедницата и нашите вработени. Радоста што ја носат овие празници сакаме да споделиме со сите, бидејќи веруваме во важноста на поддршката и солидарноста“, велат од Рудник САСА.

Претходно оваа година, рудникот донираше и нов современ систем за ЛЕД-осветлување на спортската сала при основното училиште во Македонска Каменица, која ја користат и неколку локални спортски клубови. Оваа донација е дел од континуираните напори на Рудник САСА за подобрување на локалната спортска инфраструктура и поддршка на развојот на младите спортски таленти во локалната заедница.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Папазов ги посети мајките и првите новороденчиња во Општата болница – Кочани – И ги додели традиционалните подароци

На 1 јануари 2025 година околу 10:45 на Одделението за Гинекологија и акушерство во Општата болница – Кочани, Есенѓул Демирова од Виница го роди првото машко бебе, кое ќе го носи името Семин и е трета рожба во семејството Демирови. Трдиционално, како и секоја година, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката и

На 6 – ти јануари – БАДНИКОВА ПОВОРКА ВО ГРДОВЦИ

Со благослов на свештеникот Илчо Миленковски оваа година за прв пат ќе има Бадникова поворка во Грдовци. Со макета на Витлеемската пештера која ја симболизира пештерата во која се родил Исус Христос, ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус и пеејќи ја христијанската коледарска песна

Дочек на Новата 2025 година – Градскиот парк во Кочани полн со посетители и многу забава

Со организирана музичка програма, новогодишен огномет и многу забава, синоќа големиот број посетители во Градскиот парк во Кочани ја дочекаа Новата 2025 година. Публиката уживаше во настапите на Наташа Малинкова, Habana Breeze Band i Dj Sandex. Празничната музичка програма ќе трае до 14 јануари, а музички настан ќе се одржи и на 7 јануари Божиќ, со настап на пеачката Александра Јанева.