РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна со реализација на кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите, под мотото „На матурска вечер без автомобил!“

Кампањата има за цел да испрати силна порака до младите – да не седнуваат зад воланот доколку консумирале алкохол, туку на матурските прослави да користат јавен превоз, такси или возачка придружба на роднини, одосно да не управуваат со возило.

Немојте да си дозволувате да управувате возило и да бидете учесници во рамките на сообраќајот, а притоа да не ги почитувате правилата. Правилата се напишани и се создадени за да ги заштитат човечките животи. Ако сите ние при секое застанување на црвено, поминување на улица, при секое влегување во возилото, ги почитуваме правилата, верувајте ми дека сите овде ќе имаме подобар живот. Секој што се огрешил пред законот, а притоа има докази за тоа, ќе одговара. Никој не е и не може да биде над законот и правилата. Почитувајќи ги правилата, секој еден што го гледаме околу нас, ќе биде побезбеден во рамки на сообраќајот, потенцираше министерот Тошковски.

 

Претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски, нагласи дека матурските прослави се свечен чин за сеќавање со кој се заокружува еден дел од образованието на секој матурант и целта на оваа кампања е да се одвратат младите да не управуваат со моторни возила и не консумираат алкохол за време на прославите и да се влиаје на намалување бројот на сообраќајни несреќи кај младата популација, особено во овој период кога ризикот е зголемен.

За време на матурските прослави не треба да консумирате алкохол и да управувате со моторно возило, односно треба да направите матурските прослави да Ви бидат чин кој ќе го паметите многу години, односно целиот живот. Да не дозволиме некое несовесно и неодговорно однесување во сообраќајот да заврши со трагичен крај. – апелираше Ангеловски.

Кампањата ќе продолжи во текот на април, мај и јуни преку низа активности, кои ќе се реализираат во средните училишта во Македонија.
Со оваа кампања, РСБСП уште еднаш испраќа јасна порака:
ПРОСЛАВУВАЈ, НО БИДИ ОДГОВОРЕН – ЖИВОТОТ Е ЕДЕН, КОЈ НЕМА ЦЕНА!

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Даријан Павлен – Спортист на годината за 2025 година – Извршен изборот на најдобрите спортисти за минатата година

Општина Кочани и Асоцијацијата на новинари од Кочани го реализираа изборот на најдобрите спортисти за изминатата година. За Спортист на годината за 2025 година е избран Даријан Павлев, член на Боречкиот клуб „Спартак“. Второпласиран е Филип Стојанов од Карате клубот „Партизан“, а на третото место се најде каратистката Наталија Карова од Карате клубот „Кочани“. Во

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“   Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска изврши увид во тековните активности за чистење на бунарите во Грдовски Орман, од каде што се обезбедува водата за пиење што ја дистрибуира КЈП „Водовод“ и оствари средби со раководни

Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот