Ротари Клуб Кочани-Виница ја одбележа својата 10-та по ред Оризова Гала Вечер

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Настанот се одржа во период на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, чиј организатор е Општина Кочани. Поводот за вечерта е зачувување и негување на традицијата во производството на ориз во нашиот регион, а чиј што квалитет е препознатлив во светски рамки.

Токму овие значајни денови во кои се слави традицијата, Ротари Клуб Кочани-Виница ги посвети за луѓето кои беа на браникот на одбраната на нашата држава зафатена од големата елементарна непогода, големите шумски пожари кои најмногу беа активни во источниот дел на државата.

Собраните средства од хуманитарната вечер ќе бидат наменети во учество за купување на возило за противпожарна заштита за потребите на Доброволното противпожарно друштво од Виница.

Настанот беше поддржан со присуство на членови од 14 Ротари Клубови од нашата држава: Ротари Клуб Кавадарци, Ротари Клуб Прилеп, Ротари Клуб Скопје, Ротари Клуб Скопје Исток, Ротари Клуб Скопје Камен Мост, Ротари Клуб Скопје Кирил и Методиј, Ротари Клуб Скопје Парк, Ротари Клуб Штип, Ротари Клуб Велес, Ротари Клуб Водно, Ротари Клуб Свети Николе, Ротари Клуб Скопје Север, Ротари Клуб Скопје Вардар 245 и Ротаракт Скопје, членови на 7 странски Ротари Клубови и тоа: Ротари Клуб Благоевград од Бугарија, Ротари Клуб Банско-Разлог од Бугарија, Ротари Клуб Враца од Бугарија, Ротари Клуб Котор од Црна Гора, Ротари Клуб Анкара Кизилај од Турција, Ротари Клуб Врање од Србија и Ротари Клуб Белград Сава од Србија. Настанот беше поддржан и од високи претставници на општествено политичкиот живот во источниот регион, како и претставници на бизнис заедницата од Кочани и Виница.

Со спроведување на овој настан Ротари Клуб Кочани-Виница ја остварува својата цел да биде во служба на заедницата, раководејќи се под мототo на Ротари ,,Service above self’’. Ротари Клуб Кочани-Виница изразува огромна благодарност кон сите што со свое присуство и донации дадоа поддршка за настанот и кои се дел од остварување на една општествено корисна цел.

Ротари клуб Кочани – Виница

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Виница на листата за трансформација: Неоперативните зони ќе се понудат на домашните инвеститори

Неоперативните зони како оние во Делчево, Берово и во Виница, ќе се трансформираат во индустриски, за да бидат ставени во функција, а ќе им бидат понудени и на домашните компании за да го прошират своето производство, рече денеска директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Како што истакна Димовски, одговарајќи на новинарски

ВДЛ Ван Хоол вработува лица на повеќе позиции со или без работно искуство..

 Фабриката за автобуси ВДЛ Ван Хоол вработува со или без работно искуство: автолакери, фарбари и припремачи за фарбање, заварувачи, електричари, автомеханичари, магационери, столари, автолимари, машински и електро-техничари и инсталатери. Аплицирајте на vdlvanhool.com во делот „Кариери“ или јавете  се на 070 333 299.

Едно лице лишено од слобода оти кај него била пронајдена марихуана

На 15.06.2026 во 16:20 часот на ул„Евлија Челебија“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Б.Н.(51) од Кочани затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.