Родителите на загинатите деца на Маршот на ангелите прашуваат: До каде е постапката за полициските службеници за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Родителите на загинатите деца во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на денешниот 16 Марш на ангелите пред зградата на Полициската станица во Кочани побараа одговор од ОЈО ГОК кое ја води постапка за над 20 те полициски службеници од ОВР Кочани и СВР-Штип до каде е истрагата за нив и формирање на обвинителен предлог.

-Сакаме да ги прашаме до каде е постапката на ОЈО ГОК или чекат одмори, да си одведат нивните деца на  одмор, на вода, а ние на нашите деца врз гробовите да им фрламе вода за да ги освежеме. Блазе си им, нека им служе на чест, оти развлекуваат само, вели мајка на загинато момче.

На денешниот Марш на ангелите главната порака им беше „Слушнето го гласот на оние што повеќе не можат да зборуваат“. Родителите и семејствата на загинатите деца што учествуваа на протестниот марш се револтирани што „нивниот“ј настан денеска имаше убедливо најслаб одзив. Револтирано им се „заблагодарија“ на поддршката на граѓаните и семејствата кои имаат настрадано деца, а денеска не учествуваа на маршот кој почнува во 18.05 часот од Паркото на револуцијата, а завршува пред зградата на судот и обвинителството во Кочани.

Една од мајките пред зградата на Општина Кочани истакна дека на денешен ден се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој однесе голем број на човечки животи и направи материјални штета. Посочи дека на денешниот Марш на ангелите им одаваат почит на загинатите во земјотресот во Скопје во 1963 година, но истовреме се сеќаваат и на оние кои помогнале да се обнови градот Скопје.

-Но, пред четири месеци се случи најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Пожарот во кој поради затајување на институциите 62 деца беа пеплосани и над 200 беа повредени со трајни психички и физички последици и уште 300 деца, кои не се споменуваат, а кои беа таа вечер, за среќа без физички повреди, но ќе останат трајно со траума и ужас од таа кобна ноќ, 16 март 2025, која ќе ги следи цел живот. Таа ноќ ќе го следи Кочани, за секогаш. Трагедија која наместо да не сплоти, обедини, за да не се повтори. Таа ни донесе уште дополнителни удари од општествената струка во која живееме, вели мајка на загинато дето на пред зградата на Општина Кочани.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОУ „Никола Карев“ формиран извиднички одред

Традицијата за планинарење и часови во природа во ООУ „Никола Карев“ – Кочани доби нова, уште поубава димензија. Во кругот на училиштето денес се споија ентузијазмот, знаењето и љубовта кон природата, создавајќи еден навистина посебен настан официјалната промоција на „Извиднички Одред “Никола Карев“. Иако одредот функционира како секција во училиштето уште од септември 2025 година,

Известување од ОУ „Св. Кирил и Методиј“

Ве информираме дека денес во училиштето беше примена дојава за наводно поставена бомба. Учениците од предметна настава беа веднаш и безбедно евакуирани, а надлежните служби од МВР извршија увид и проверка на училиштето. По спроведената проверка, констатирано е дека дојавата е лажна и не постои опасност по безбедноста на учениците, вработените и училишниот објект. Наставата

Кочани – градот што тагува и се бори да преживее

Економски, по трагедијата во „Пулс“ Кочани е далеку од заздравување, бидејќи некои од бизнисите, особено малите, се затворија и тешко некогаш да проработат. Други се одржуваат во работа, во исчекување дека ќе стигне дел од ветената помош за малите бизниси. Големите пак, како странската инвестиција „Амфенол“, која вработува над 3000 работници, се соочи со последиците