РК Прилеп со Тиквеш, Охрид и Аеродром во групната фаза од националниот куп (ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Турнирот ќе се одигра на 26/27 април, а победникот ќе обезбеди пласман на Ф4 Куп на Македонија. Интересна е и групната фаза за прилепскиот суперлигаш.Таму ќе бидат екипите на Охрид, Тиквеш и Аеродром.

И додека трае плеј аутот за прилепчани, се продолжуваат и договорите. Овој пат во клубот останува и Томислав Квастек. Хрватскиот кружен напаѓач се обврза на верност од уште две години со прилепчани, следејќи го трендот и на останатите ѕвезди како Денис Шабановиќ, Владан Кастратовиќ… Квастек стави потпис на договор до 2027 година со тимот кој е на добар пат да обезбеди опстанок во елитата. 

Инаку во одлучувачкиот меч за купот прилепчани ќе се пресметаат со Охрид.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...