РК Прилеп без екипа во новата младинска ракометна лига

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска ( 19.09 2025) стартуваше новата сезона во машката младинска лига во која ќе играат десет екипи по нов систем, каде шампионската титула ќе се освои по 18 одиграни кола, наместо по групи, како минатата сезона.

Битолчани имаат две младински екипи кои се дел од ова натпреварување, Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер, а прилепчани, за жал нема да имаат младинска екипа која би се натпреварувала во новата младинска ракометна лига во организација на РФМ.

Потребата од (не)вклученост говори за  иднината на овој спорт, бидејќи без младинска екипа која би била дел од натпреварувачкиот систем, која би се натпреварувала и би се калеле во битките со другите ракометни погони, нема нагорен развој во локалниот спорт. Натпреварувањето во младинските лиги е основа за развој на талентите и добра подлога/практика за креирање на нова ракометна сила во сениорскиот тим за иднина. Економски – тоа би значело изградени ракометни момци од свој погон, без дополнителни финансиски трошоци за играчи од страна, во иднина. Ако РК Прилеп инвестира во младинска ракометна екипа, преку нејзина активна вклученост во младинската лига која ја организира највисоката ракометна институција во Македонија, тоа не е само спортска одлука туку е и вложување во иднината на овој спорт, за Прилеп и прилепчани, за они кои го сакаат ракометот и веруваат дека тој има добра иднина, за сите кои силно посакуваа ракометот да остане спорт број еден на спортската мапа од градот, и квалитативно, и квантитативно. Бидејќи, Прилеп сака да го има елитниот ракомет.

Исконска е поврзаноста со ракометот и заота се  проширува ова четиво кон спортска сала. Дека Прилеп треба да добие ракометна сала , во кои ракометните погани (младински-пионерски ,па и сениорски) би тренирале во термини кои одговараат на потребите и времето, одамна се зборува. Но, тоа не треба и не семее да биде услов за градење на играчи, туку само поттик за премостување на недостигот и можност и начин на размислување за инвестирање во овој спорт.

Инаку, во новата машката младинска ракометна лига оваа сезона ќе настапат малдинските екипи на: Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Вардар, Куманово, Бутел Скопје, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар Неготино и  Тиквеш.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на домашен терен го совлада Тиквеш

Вечерва, ракометарите на РК Победа во второто коло од пролетниот ден од сезоната во Супер ракометната машка лига, извојуваа победа над РК Тиквеш 2014 со 33:26. Ова беше првиот настап на прилепските ракометари пред домашната публика во вториот дел од првенството,  па ракометарите покажаа  борбеност, динамична и ефективна игра во...

Прилеп добива Центар за E-услуги

Прилеп добива Центар за услуги на Министерството за дигитална трансформација, преку кој граѓаните без да требат да отворат сопствен профил  и без да знаат за дигиталните алатките, ќе  можат да ги користат услугите со помош на вработените од оваа канцеларија. Тоа значи дека преку физичко присуство можат да добијат некоја...

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели: