Рилевчани бараат 4 км пат за основни услови за живот и пристап до цивилизација (ВИДЕО + ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Жителите на долненското село Рилево бараат да имаат основни услови за живот односно пристап до цивилизацијата и до државните и здравствените институции. Единствено се поврзани со соседното село Ропотово, но и тој пат е уништен и неасфалтиран. Велат дека заради ова, но и поради тоа што се заборавени од општината и во 21 век го немаат основното право за да се функционира во ова село. Итната помош доаѓа но ретко, а такси бара и по 1500 денари. Оставени се сами на себе, а единствената  шанса ја гледаат во централната власт да го изгради патот.

Во селото Рилево  моментно живеат околу 50 жители, а мештаните велат дека со изградбата на патот со сигурност бројот на жители ќе се зголемува.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...