Револуционерен оперативен зафат во прилепската болница. Се изведе сложена операција на лакт, вторпат во државава

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 Специфичен медицински зафат со вградување на ортопластика со вметнување имплант на местото на фрактурата, за прв пат,  а втор пат во Македонија, се изведе денеска на ортопедско-трауматолошкото одделение во прилепската болница.
Спасувајќи му ја функционалноста на левата рака на 37-годишениот  пациент, специфичната операција, вградување на имплант на глава на радиус на лакт, ја изведе д-р Кире Јоноски, ортопед и директор на болницата, под менторство на д-р Игор Мерџаноски од клиниката за трауматологија од Скопје.

-Со директорот на прилепската болница направивме операција на лакотот. Тоа е еден од најсложените зглобови каде три коски се врзуваат меѓу себе. И, ако едната коска е скршена, во случајов тоа беше главата на радиус, а продолжува долу кон раката. Многу е битно таа скршеница да се замени, посебно кај младите пациенти, со имплант кој е со иста должина како скршеницата за да не се наруши анатомијата на раката, зашто по извесно време настануваат други проблеми во лакотот, дури и во рачниот зглоб, објасни асистент д-р Игор Мерџаноски од Клиниката за трауматологија од Скопје.

Д-р, Кире Јоноски, ортопед и директор на прилепската Општа болница, рече дека со ова сакале  да почнат со нови процедури и децентрализација на медицинските процедури кои се вршеле во Скопје, а ги вршат во нивната болница.

Тимот на ортопедското-трауматолошко одделение се надева дека со континуирана едукација и со применување нови методи во иднина ќе придонесеме што поголем број пациенти да бидат третирани во нашата болница. Најверојатно од следната недела ќе почнеме со операции на ’рбетен столб. Тоа ќе биде уште една новина, исто така под менторство на д-р Мерџаноски, за пациентите да не одат во Скопје, изјави Јоноски.

Лекарите изјавија дека овие операции во Македонија не се правени 20-ина години и токму ова  е пример за децентрализација на оперативните зафати за пациентите да се лекуваат во својот град

– Оваа операција е втора во Македонија и е благодарение на Министерството за здравство кое имаше слух. Владата ги поддржува новите методи. Во минатите години имавме голем проблем за воведување и едукација на кадри и, со заминувањето во странство, за едукацијата на младите лекари. Имаме многу време загубено, но, еве, децентрализацијата значи сите пациенти да се лекуваат во своите градови, да не мора да патуваат и да се изложуваат на трошоци. Директорот на прилепската болница издејствува да му се донесат специјални импланти за ваков  тип операција, како и импланти за болестите на ’рбетниот столб и се надевам дека ќе почнеме операциите да ги работиме од наредната недела, изјави Мерџаноски

Во прилепската болница тимот на одделението е горд на зафатот и очекуваат ваквите зафати да има почесто. Од прилепската болница најави дека по една недела ќе започнат операции и на ’рбетен столб.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Полициски билтен: Уапсени возачи, одземени два автомобили

Во текот на еден ден полицијата привела две лица поради сериозни сообраќајни прекршоци – управување под дејство на алкохол и возење без дозвола: На 17.02.2026 во 22:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп  ја лишија од слобода 37-годишната С.Ј.М. од Прилеп. При контрола во патниот сообраќај на ул.„Страшо...

(ВИДЕО)Реколта 2025 та рекордна, за 2026 во очекување се повисоки цени за новите договори

Откупот на тутунот е пред самиот крај, на 10 денови пред законскиот утврден рок откупени се над 26 000 тони ориентален ароматичен тутун, што е далеку над очекувањата. „Откупот за реколтата 2025 та година е пред крај, откупени се 99 отсто од количините на тутун. За среќа некаде околу 26...

Се доуредува последниот дел од плоштадот Методија Андонов Ченто

Пешачката зона кај хотел Скопје и пред Участокот и делот кон катната гаража кај старата автобуска станица се доуредува. Неколку денови градежната механизација го отстранува стариот слој на асфалт, се подготвува теренот за поплочување и урбано уредување на просторот. Градоначалникот Дејан Проданоски на увид во градежните активности истакна дека овој...