Во Домот на култура „Тошо Арсов“ во Виница денеска е отворена ретроспективната изложба на Танас Дедов, еден од најплодните и најпознатите ликовни творци од регионот.
Изложбата, која го обележува неговото шестдецениско творештво, вклучува и некои негови значајни и познати дела, кои ја потврдуваат неговата посветеност кон сликањето и неговото влијание на развојот на ликовната сцена во Македонија.
-Со оваа изложба, Дедов не само што ги претставува своите најистакнати творби, туку и ја нуди можноста посетителите да го почувствуваат неговиот уметнички пат и инспирација, рече на чинот на отворањето на овој настан, Александра Давиткова, директорка на виничкиот ДК „Тошо Арсов“. цитирајќи извадок од рецензијата што за ретроспективната изложба на сликарот од Кочани, што занего ја има напишано Евтим Клетников, македонски поет и ликовен и книжевен критичар.
Делата на Танас Дедов се вистински сведоштва на неговата долгогодишна посветеност на уметноста, смета Габриела Стефановска, в.д. директор на ЦК „Бели мгри“ од Кочани, под чија закрила добар дел од својата кариера творел Дедов.
Неговата ложбата „Шеесет години ликовно творештво“ во ДК „Тошо Арсов“ во Виница ќе биде отворена за посетителите во наредните две недели.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









