Реми без голови на градски (ВИДЕО + ФОТО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По доста тешки услови за игра но се разбира пред многубројната прилепска публика која и покрај врнежливото време ја исполни покриената трибина , Победа и Башкими ги поделија бодовите играјќи 0:0.И првото и второто полувреме може да се опише во неколку зборови , Победа ги имаше шансите , најногу по прекини но не ги искористи , на крајот гостите со бод заминуваат од градскиот стадион Гоце Делчев.

Овој натпревар имаше и хуманитарен карактер , а собраните средства од дуелот се наменети за настраданите семејство во Кочани.Натпреварите од 25 коло ги одбележа врнежливото време а еден од мечевите не го дочека крајот , Вардарски и Арсими не се одигра второто полувреме заради непостоечки услови за игра а по првото гостите имаа предност од 1 :2.Во останатите пресметките кои се играа попладнево , Осоговор Македонија 0:0 , Скопје Борец 2:1 , Вардар Неготино – Детонит 0:0, Новаци – Охрид 2:1 , Саса Македонска Каменица – Беласица 1:2 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...