РЕГУЛИРАНО КОРИТОТО НА ОСОЈНИЦА И ЗАПОЧНАТО КАСТРЕЊЕ НА ДРВЈАТА ВО ВИНИЦА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

 

Речното корито на реката Осојница кај мостот пред влезот во селото Виничка Кршла е исчистено и регулирано, со што се решава децениски проблем на барање на жителите.

Со стабилизацијата на овој потег значително е намален притисокот врз столбовите на мостот, а воедно е отстранета и опасноста од евентуални штети и поплави на бунарите за водоснабдување кои се наоѓаат во непосредна близина.

Паралелно со овие активности, по подолг временски период започна и кастрење на дрвјата долж булеварот „Маршал Тито“.

Според најавите, ќе се врши и целосно сечење на стари и проблематични дрвја, по претходна проценка и решение издадено од надлежната Комисија за сечење на дрвја на јавно-прометни површини.

Како што истакна градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, за Радио Кочани, овие активности се дел од континуираните напори за зголемување на безбедноста, заштита на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

Од ЈП „Солидарност“ информираат дека кастрењето и сечењето на дрвјата се сложени и долготрајни операции, поради што се апелира до граѓаните за разбирање, а особено до возачите за внимателност и трпеливост, како и да не ги паркираат своите возила на локациите каде што се изведуваат работите.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ЦРВЕН КРСТ ЈА ЗАВРШИ ФИНАНСИСКАТА АКЦИЈА: Исплатени последните средства за настраданите од пожарот во „Пулс“

Црвениот крст на Македонија информираше дека на 27 февруари 2026 година е реализирана последната етапа од исплатата на финансиска помош наменета за лицата кои настрадаа во трагичниот пожар во Кочани. Со ова се заокружува процесот на директна парична поддршка, но хуманитарната мисија продолжува преку други форми на грижа. Детали за последната исплата Финалната распределба на

Купувај брзо, лесно, паметно – „Смарт Деливери“

Кочани! Подгответе се „Смарт Деливери“ се проширува… Покрај брзата и сигурна достава, сега ти носи и прехрамбени производи, директно до врата Ти нарачуваш ние купуваме и експресно доставуваме 078-661-001 Јави се веднаш и нарачај „Смарт Деливери“ – брзо, лесно, паметно!

Во 82 та година од животот почина Лазар Веселински, поранешен градоначалник на Кочани…

Во 82 та година од животот почина Лазар Веселински, еден од градоначалниците на Кочани по осамостојувањето на Македонија. Веселински ја извршуваше таа функција четири години, во периодот од 1996 до 2000 година. Лазар Веселински е дипломиран технолог. Првиот дел од својата работна кариера го помина во Фабриката та за целулоза и хартија во Кочани. Пред