Ребаланс на Буџетот и низа обвинувања и дискусии за проектните остварувања

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ребалансот на Буџетот на Општина Прилеп за 2025, предложен на денешната 63  Седница,  предизвика низа дискусии, поврзано и со предлог – развојните програми на општина Прилеп за период 2025-2027 година и предлогот за субвенционирање на ЈКП за 2025 година.

Ребаласот не дава никаков економски просперитет на градот“- констатира советникот, Никола Мариноски. Ќе трошите 1, 5 милиони денари за пошта, пола милион денари за прехрамбени продукти и пијалаци, двојно се зголемува ставката за правни услуги, нови 5 милиони денари за субвенција на јавните претпријатија. Секоја година одвојуваме за недомаќинското однесување на Јавните комунални претпријатија во Прилеп“  рече тој од говорницата, побудувајќи дискусија во Советот.

„Далеку сме од тие нереални банковни состојби кои ги прикажувате. Овој ребаланс на буџетотот е реален и е потребен за функционирање на општината и јавните комунални претпријатија. А, за волја на вистината, за една година дена од соработката меѓу централната и локалната власт, Општина Прилеп, преку аплицираните проекти на двата јавни повици, доби 11 милион евра. Тоа не се случило досега за капитални инвестиции. Тоа е за секаква пофалба на општинската администрација што ги сработила проектите, заедно со јавните комунални претпријатија. Дел од проектите се во фаза на реализација, дел се завршени. 18 проекти имаме во новиот повик, кои до крајот на оваа година треба да започнат да се реализираат. “ реплицираше, координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Влатко Петкоски.

Градоначалникот на Прилеп од говорницата додаде: „Не се работи на расфрлање на средства или неправилно распределување. Доколку имало креминогено и незаконито работење, досега ќе „затропаа на нашата врата“.Секој пред законот треба да биде чист! За доброто на нашите граѓани безвредно е да ги минимизирате бенифитите кои ќе ги унапредат инвестициите и ќе го развиваат градот. Се’ досега ние плаќаме нечии кредити. Мораме да ги гледаме работите прогресивно. Вие ги стопиравте двата проекти кои ги добивме со пониски камати пред неколку години – изградба на кружниот кај „Табана“ и изградба на стадионот “, рече градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовечски.

Советниците со мнозинство на гласови ги подржаа овие предлози, додека опозицијата гласаше против.

На денешната седница беше  прифатена локацијата за одржување на Пивофест и за продолжување на работното време на дуќанџиите за овие три фестивалски дена. Стана збор и за формирање на комисија за проценка и утврдување на штетите на земјоделските посеви и насади од невремето на 27 јуни, во атарите селата Кадино село,  М.Коњари,  Г.Коњари, Галичани и Алинци.

Со мнозинство на гласови усвоен беше годишниот план за вработување во 2025 година на ЕЛС  Општина Прилеп, како и измените и дополнувањета на годишниот план за вработување во 2025  година на ЈК за ПУП- Прилеп, годишниот план за вработување во 2026 година на ООУ “Кирил и Методиј” во с. Канатларци-Прилеп и годишниот план за вработување во 2026 година на ООУ “Добре Јованоски’-Прилеп.

На крајот од Седницата мнозинството на советници ја прифатија одлуката за утврдување на урбанистички план за намена за лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија и предлог – оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба и на подрачје на општината за сезоната 2025/2026 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Формирана комисија за проценка на штетите од јунското невреме во прилепско

На денешната редовна седница на Советот на Општина Прилеп, советниците донесоа одлука за формирање на стручна комисија за проценка на штети во земјоделието  од невремето што се случи на 27 јуни 2025 година во прилепско. Општинската комисијата ќе треба да ги процени штетите направени во населените места: с. Кадино Село,...

Дејан Долгоски од Прилеп, добитник на третиот скутер од наградната игра на Авто Контрол

Во Авто Контрол Станица за технички преглед, Прилеп денеска беше третото извлекување од наградната игра  „Време е за скутер“. Традиционално и овој пат  Цацко од К-15 беше во главната улога за извлекување на 11 среќни добитници на вредни награди како што се: ваучери за хемиско чистење на патничко возило; ваучери...

Автопат Прилеп – Битола, градоначалниците на увид во градежните активности

За тоа како се одвива реализацијата на градежните активности на автопатот Прилеп – Битола утре, 11 јули, во работна посета и увид на терен ќе имаат тројцата градоначалници на Прилеп, Битола и Могила.  Посетата е организирана со цел да се прикаже напредокот на градежните активности на клучната делница 4 од...