Реализирана донација од SupportKocani за Универзитетската клиника за пластична хирургија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Иницијативата SupportKocani успешно ја реализираше донацијата наменета за повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во Кабаре клуб „Пулс“ во Кочани со Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје.

 

Донацијата е формализирана со потпишување на договор за донација, а вклучува 100 комплети T-LAB PRP KIT, 10 комплети EXOMINE SMART KIT, 4 пакувања аминокиселини и 4 пакувања протеини. Вкупната вредност на донацијата изнесува 286.120 денари, и е целосно обезбедена преку донации од хумани граѓани и компании, кои континуирано ја поддржуваат иницијативата SupportKocani.

Донираните материјални добра се наменети за третман и регенерација на кожата, забрзување на зараснување на рани и подобрување на опоравувањето кај пациентите со тешки повреди од изгореници. Нутритивната поддршка претставува дополнителна помош за јакнење на организмот во процесот на рехабилитација.

Медицинската опрема и суплементи се веќе доставени на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, каде активно се користат во третманот на повредените.

Во рамки на посетата, тимот на SupportKocani ги посети и пациентите кои сè уште се хоспитализирани на Клиниката и лично им изрази поддршка и желби за побрзо закрепнување.

„Продолжуваме со фокусирана, директна и одговорна поддршка за секој поединец кој е засегнат од трагедијата. Оваа соработка со една од клучните здравствени установи во државата претставува важен чекор во обезбедувањето на стручна медицинска нега. Искрено им благодариме на сите хумани граѓани, компании и поддржувачи – токму тие ја направија оваа помош возможна,“ – истакнуваат од SupportKocani.

Иницијативата останува посветена на транспарентност, партнерство со институциите и долгорочна грижа за сите погодени лица.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Твојата дестинација за совршен ден – Кафе бар „Пикадили“ – Најдоброто кафе во градот – во амбиент што ќе те освои!

Кафе бар „Пикадили“ !!! Смесет се удобно и уживајте во највкусното италијанско кафе Vergnano – вистинско уживање за љубителите на квалитетно кафе! Ентериерот ќе ве воодушеви – модерен, стилски и совршено пријатен, со најудобните столици за целосно кафе задоволство. Богато мени со: Освежителни безалкохолни пијалаци Избрани алкохолни пијалаци И фантастични коктели подготвени со страст! Планирате

Ники Текстил – Македонски бренд што ткае доверба

Повеќе од 20 години, „Ники Текстил“ е дел од секој македонски дом – со квалитет кој се чувствува и удобност што трае. Ние не произведуваме само облека – ние ткаеме доверба. Од најудобните пижами, преку стилска машка, женска и детска долна облека – до комплетна бебешка опрема направена со најнежни материјали. Нудиме и бањарки, купачи,

Се преврте камион на патот Кочани – Македонска Каменица

Пред само неколку минути на патот Кочани – Македонска Каменица, на кривината над ресторанот “Саваро” се преврте камион. Патот ќе биде во прекин се до пристигнување на соодветна дигалка, со која би се отстранила скршената приколка од камионот. Се очекува да пристигнат надлежните спасувачки екипи, а за евентуални повредени лица засега немаме информации.