Реакција на ОО СДСМ: министерот Борко Ристовски денеска се врати на местото на „злосторот“ во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По денешната посета на министерот за спорт Борко Ристовски на Прилеп, ОО на СДСМ со низа обвинувања за неисполнетите ветувања во врска со реконструкција на Универзалната сала и финансиската поддршка за спортот во Прилеп за разлика од други општини. Писмената реакција ја пренесуваме во целост:

Без и малку срам, министерот Борко Ристовски денеска се врати на местото на “злосторот“. Пред точно 15 месеци, истиот тој Борко бесрамно ги излажа прилепчани дека Универзална сала ќе биде ставена во функција во септември. Помина ланскиот септември, помина и годинешниот септември, вратите на Универзална се закатанчени поцврсто од било кога! И наместо да побара објаснување зошто салата сеуште е надвор од употреба, покажувајќи сервилност и отсуство на елементарна самопочит, кандидатот на ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски го премолчи и го погази интересот на прилепските спортисти и спортски клубови. Дополнително, за понижувањето да биде уште поголемо, Проданоски му дозволи на Борко Ристовски да се „потури со пепел“ и по принципот пу-пу не важи да кажи ново ветување: сега ќе ги реновирал игралиштата и детските реквизити во Точила! Од реконструкција на Универзална, министерот падна на замена на старите нишалки со нови! Срамен, недостоен и понижувачки однос на Ристовски, Проданоски и ДПМНЕ кон Прилеп и прилепчани! Ако Прилеп е тргнат од списокот на општини во кои Министерството за спорт финансиски би го помогнало решавањето на сериозни проблеми, тоа не е случај со општините раководени од ударните тупаници на ВЛЕН – Тетово и Чаир. Како што кажуваат и фотографиите, дружбата на Борко Ристовски со Билал Касами и Висар Ганиу, е на многу повисоко ниво, во секоја смисла! Господа од ДПМНЕ, господине Проданоски, Борко Ристовски повторно ве пренесе жедни преку вода! И вас, а за жал, и прилепчани,“ стои во писмената реакција на ОО на СДСМ Прилеп!

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пари: 192,8 милиони евра оставиле граѓаните во аптекарските каси

Во секој град и секое маало, аптеката е местото каде што се „купува здравје“. Таму фармацевтот е од доверба, а зад тие производи и етикети стои жива индустрија што пулсира со здравјето на луѓето и остварува сериозна економска активност. ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ СРЕЌАВААТ ЗДРАВЈЕТО И БИЗНИСОТ Анализата на порталот Пари,...

Визијата за Прилеп е зелена, чиста и енергетски ефикасна општина

На денешната прес конференција, Билјана Ристеска, кандидат за советник за Прилеп на совеничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалиција, посочи дека визијата на нивната партија е зелена, чиста и енергетски ефикасна општина, “тоа е нашата цел и визија за современ Прилеп!“, рече таа.

Прв фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“ ќе се одржи во Прилеп

Во Прилеп ќе се  одржи првиот фестивал за рана музика во Македонија – „Dulcia Sonant“, посветен на истражување и оживување на музиката од византиската, средновековната и раноренесансната традиција. Во два последователни концерти ќе оживее звукот на едно одамна замолчено време – преку ретки инструменти, древни напеви и извонредни интерпретации. Настанот...