Реакција на ОО на СДСМ Прилеп на синоќешното обраќање на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски на партискиот митинг во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Прилеп, утрово со реакција до јавноста се огласи ОО на СДСМ Прилеп.Тие во воопштените велат:

Синоќа во Прилеп се одржа најсрамниот партиски собир во историјата на нашето повеќепартиско живеење. Дејан Проданоски, човекот кој 5 години е на чело на ОК на ДПМНЕ – Прилеп, актуелен пратеник во македонското Собрание и до скоро претседател на Советот на општина Прилеп во период од 3 години, без срам и перде зборува како градот долги години бил оставен на маргините и бил место кое се заобиколува. И кој е виновен за тоа? Ако кандидатот на ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, не го служи добро меморијата, ќе го потсетиме дека во последните 20 години, од 2005 година до денес, цели 16 години локалната власт во Прилеп беше во рацете на ДПМНЕ. Дека година и пол ДПМНЕ ја има целокупната власт во Македонија, вклучувајќи ја и функцијата Претседател на државата. И повторно некој друг е виновен што сме најсиромашната земја во Европа, што свесно не’ оддалечуваат од членството во ЕУ, што имаме очајно здравство и образование, корумпирано правосудство, што убиствата и грабежите среде бел ден и пред очите на партиската полиција станаа секојдневие. Граѓаните, господине Проданоски, го гледаат сето ова и ви вртат грб и вам и на вашата партија. И вие добро го знаете тоа. Токму затоа ги злоупотребувате сите механизми на власта за да вршите притисок врз членовите на ДПМНЕ кои не мислат како вас и за кои имате сознанија дека својот глас на изборите нема да го дадат за тебе, туку за некој од останатите кандидати за градоначалник на Прилеп. Режимот на ДПМНЕ, господине Проданоски, е пуштен на најсилно!   Да биде перверзијата уште поголема, во целиот свој синоќешен говор Проданоски зборуваше во идно време, користејќи ја честичката “ќе“ небаре штотуку стапнал на политичката сцена, а не дека е една деценија дел од неа. Проданоски зборуваше деќа ЌЕ градел улици и патишта, ЌЕ ја развивал економијата, ЌЕ правел нови парковски површини, ЌЕ го уредувал коритото на Градска река, ЌЕ поставувавал сијалици по темните улици, ЌЕ градел градинки, ЌЕ реконструирал спортски објекти. Кој го спречи да го прави сето ова во изминатите години? Зарем мисли дека така лесно може да се амнестира од соучесништвото во пропаѓањето на Прилеп? Зарем се надева дека прилепчани ги фатила колективна амнезија па не знаат дека токму со потписот на Дејан Проданоски во Прилеп поскапеа водата, данокот на имот, комуналните услуги, паркингот и градскиот превоз? Дека токму тој ги именуваше директорите кои до гуша ги заглавија јавните претпријатија со долг од над два милиони евра? Она што Проданоски треба да им го каже на граѓаните, е одговорот на прашањето: Кој е вистинскиот кандидат на ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп – тој или неговиот ментор Пеката, без чија дозвола не пие ниту кафе во прилепските угостителски објекти? “ стои во реакцијата на Центар за комуникации со јавност од ОО на СДСМ Прилеп

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Ристеска: навремената заштита е гаранција за добар род!

Секоја земјоделска сезона е посебна приказна, во која директните производители за оптимални резултати треба да ги следат временските прилики и навремено да реагираат, да превенираат и да ги заштитат посевите или насадите. Периодов во Пелагонија актуелни се последиците од поплавите, сеуште дел од земјоделските парцели се под вода, а некаде...

Во историјата ќе остене запишано дека Охрид и даде на Победа 10 гола

Прилепска Победа, која се бори за опстанок и која се обидува да остане во второлигашкото друштво, доби 10 гола во својата мрежа на гости кај ГФК Охрид и декласирана и понижена се врати во Прилеп. Но, не по вина на младите фудбалери, деца, кои црвено-белиот дрес се обидуваат да го...

Прилеп: Приведени тројца возачи за тешки прикршувања на сообраќајните прописи

При контрола во сообраќајот во Прилеп полицијата привела тројца кои ги прекршиле сообраќајните прописи: еден за не поседување на возачка дозвола и двајца возачи кои имале алкохол во крвта над дозволеното. Едно возило е одземено. Против нив полицијата ќе поднесе соодветни пријави, соопштуваат од СВР Битола: